СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“
2СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
Култура„Борба за смрт“ на Филмскиот фестивал во ПулаКраткометражниот филм „Борба за смрт“ на авторката Елеонора Венинова на покана на организаторот ќе учествува на Филмскиот фестивал во Пула, Хрватска, кој ќе се одржи од 15-22 јули.Филмот е во официјална конкуренција во селекцијата за кратки филмови со уште 18 филмови од целиот свет. Филмскиот фестивал во Пула е еден од најпрестижните регионални фестивали, а на неговото 64-то издание ќе бидат прикажани стотина филмови во неколку натпреварувачки категории. Како што информираат продуцентите, пред учеството во Пула, „Борба за смрт“ ќе биде прикажан и на Балкан Филм Фуд фестивал во Поградец, Албанија на почетокот на јули. Во јуни филмот беше прикажан и во Париз на Фестивалот за филмови од југоисточна Европа, СЕЕ филм фест. Воедно, ова е продолжување на фестивалските успеси од претходната година, кога „Борба за смрт“ освои две награди, „Златна мачка“ за втор најдобар филм во меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал за краток филм во Измир, Турција и награда за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција. „Борба за смрт“ досега учествуваше на над дваесет фестивали ширум светот, вклучувајќи голем број фестивали кои се квалификациски за БАФТА, Оскар и Европските филмски награди. Парадоксалната драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село се снимаше минатото лето во мариовското село Кален. Сценариото и режијата се на македонска филмска авторка Елеонора Венинова, продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ филмс. Улогите ги толкуваат актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм во соработка со Канал 5 телевизија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево Активни пожари има во општина Струга меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, во општина Македонски Брод кај селото Белица и кај местото викано Рамно кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.Изминатото деноноќие регистрирани се 31 пожар на отворен простор, покажуваат последните информации од центарот за управување со кризи. Од нив, три се сè уште активни, четири се ставени под контрола, додека останатите се целосно изгаснати. Надлежните служби успеале да ги стават под контрола пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, селото Тајмиште во општина Кичево, селото Грачани кај општина Ѓорче Петров, како и пожарот во Делчево каде што е зафатена градската депонија.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“.Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог. Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ. Сега, кога својата ВМРО-Орбан мрежа од 40 % од медиумите ја засили со „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ од Вучиќ, ќе го преземе најголемиот дел од медиумското небо во Македонија. Целта им е да го убедат народот дека тие се елита. Исто како елитата на СНС. Надменоста и ароганцијата се одлики на оваа „елита“. Нема одговори на прашања – има само навреди. Се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост. Оваа криминална ВМРО-елита, по углед на елитата од криминалната организација на Вучиќ, Балканскиот картел, чии членови се луѓето од групата на Мицкоски, ги прави истите работи. Елита што ќе ужива во луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари. Тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми. Дури и промоцијата им ја работи бугарска фирма. Повеќе ниту се кријат. За поголема минимална плата – ниту збор. За мерки што ќе им помогнат на граѓаните поради скапотијата – ниту збор. За законот за двојно државјанство на државните функционери – ниту збор. За реформи – ниту збор. Истата оваа криминална екипа дојде на власт со лаги и ветувања пласирани преку своите медиуми – исто како што ги учел менторот Вучиќ. Ја изолираа земјата од Европа за да ограбуваат непречено. Знаат дека Европа носи независно судство и европско обвинителство. Го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид, во земја што има меѓуетничка кохезија. Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“. Ова е отворено презирање на сопствениот народ. Кампања на поделби и омраза според најмрачните модели. Граѓаните не се талог. Граѓаните се сопственици на оваа држава. А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата. На таа елита местото ѝ е во Шутка и во Идризово. Ќе победи народот. Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара. Еден побегна. Овие нема да побегнат. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook