„Бомба“ од Холивуд: Бредли Купер излегува со 20 години помладата Џиџи Хадид, колешка на жена му - Канал 5

„Бомба“ од Холивуд: Бредли Купер излегува со 20 години помладата Џиџи Хадид, колешка на жена му

„Бомба“ одекна во светските медиуми - Џиџи Хадид (28) е фатена со поранешниот сопруг на Ирина Шајк (37), Бредли Купер (48)!

„Бомба“ од Холивуд: Бредли Купер излегува со 20 години помладата Џиџи Хадид, колешка на жена му

Познатиот заводник е дури 20 години постар од манекенката која важи за една од најуспешните во својот бизнис, исто како и нејзината постара колешка Русинката Ирина Шајк, која според многумина е најубавата жена на светот. .

Џиџи и Бредли се фотографирани за време на романтична вечера, ексклузивно објави Дејли Мејл.

Вечерале во ресторанот Виа Карота во Њујорк,

Она што дополнително е интересно е фактот што Џиџи пред неколку месеци ја прекина врската со пријателот на Бредли, Леонардо ди Каприо.

Пријателството датира од нивните дваесетти години, кога Бредли работел во хотелот „Морганс“ како портир и бил на услуга на Лео за сместување во хотелска соба. Ди Каприо веќе беше мега популарен во тоа време, откако го сними познатиот „Титаник“.

Ова не е прв пат партнерите да „делат“ љубов за исти дами, бидејќи Ди Каприо во април беше фотографиран во друштво на Ирина Шајк, со која уживаше на познатиот фестивал „Коачела“.

Ирина и Бредли беа заедно од 2015 до 2019 година. Во март 2017 година ја добија ќерката Леа де Сена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер