​Боја на коса која ги брише годините, ги покрива седите влакна и не бара често бојадисување - Канал 5

​Боја на коса која ги брише годините, ги покрива седите влакна и не бара често бојадисување

Оваа дискретна промена менува сè, а за неа се одлучи и една од најпознатите манекенки, Бела Хадид.

​Боја на коса која ги брише годините, ги покрива седите влакна и не бара често бојадисување

Русата коса всушност никогаш не излегува од мода, но секое лето доживува ново освежување. Оваа боја на коса симболизира слободен дух и одговара на потребите на современите жени. Годинава, таа не е платинеста или класично пепелаво руса, туку топла и сончева, медено руса нијанса која ги освои фризерските салони и социјалните мрежи.

Станува збор за боја на коса која не само што го освежува тенот и дава посебен сјај, туку успешно ги прикрива седите влакна и немате потреба од често бојадисување на косата. Во време кога сè повеќе жени тежнеат кон природен изглед, но и полесно одржување, медено русата коса се издвојува како совршен баланс помеѓу луксузот и едноставноста. Таа потсетува на коса која е природно осветлена од сонцето после одмор, зрачи со топлина и нежност, а истовремено делува негувано и гламурозно.

Нема строги линии, само меки, женствени тонови што лесно одговараат со сите типови кожа или стилови. Без оглед дали сакате суптилна промена или дискретен начин да го освежите вашиот изглед, оваа нијанса на руса коса е вистински погодок. Идеална е за оние кои сакаат да изгледаат младолико и одморено, без постојаните посети на фризер. Во морето трендови што доаѓаат и си одат, медено русата нијанса останува највпечатлива боја на летото.

Новиот изглед на Бела Хадид маѓепсува со својата суптилност, нејзината нова боја на коса, медено руса, стана апсолутен хит, но и пример на многу жени кои се стремат кон софистициран и ненаметлив изглед.

Бела Хадид со овој избор покажа дека промената не мора да биде драстична за да биде ефектна, нејзината коса делува раскошно и ненападно, и што е најважно, им прилега на сите генерации, особено на жените кои сакаат освежување што подмладува и не оптоварува.

Интересно е што оваа нијанса не бара многу одржување. Подраснатата коса не прави остар контраст, туку постепено се претопува со остатокот од косата, давајќи ѝ на фризурата негуван изглед дури и по повеќе недели од фарбањето. Токму затоа оваа нијанса на руса коса се покажа како идеален избор за жените чијшто стил не бара многу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер