„BMW“ им подари нови автомобили на играчите на Реал Мадрид: Многумина го избраа истиот модел - Канал 5

„BMW“ им подари нови автомобили на играчите на Реал Мадрид: Многумина го избраа истиот модел

Во четвртата сезона од партнерството помеѓу шпанскиот клуб и германскиот производител на автомобили, играчите ќе користат најширок спектар на возила и опции за мотори.

„BMW“ им подари нови автомобили на играчите на Реал Мадрид: Многумина го избраа истиот модел

На церемонијата на презентација, тимот позираше покрај „BMW iX3“, првиот во новата генерација електрични возила на брендот, кој, според „BMW“, совршено ја отелотворува комбинацијата од спортски дух, технологија и одржливост.

Најпопуларниот „BMW i7“

Првиот автомобил го избра тренерот Чаби Алонсо, кој се одлучи за „BMW i7“. Цената на овој модел започнува од 135.000 евра, а моторот од 544 КС дава максимална брзина од 240 км/ч.

Овој модел беше најпопуларен меѓу играчите, бидејќи го избраа: Едер Милитао, Дани Карвахал, Винисиус Жуниор, Арда Гулер, Антонио Ридигер, Ендрик и Марко Асенсио.

Истиот модел го избра и Килијан Мбапе, иако веројатно го избрал врз основа на тоа кое совозачко седиште му било најудобно, бидејќи сè уште нема ниту возачка дозвола.

„BMW i7“ располага со технологија „BMW eDrive“ од петтата генерација и се одликува со импресивен опсег и моќност, што го прави идеален за патувања на долги релации, се вели во соопштението.

Тие исто така додадоа дека „BMW XM“ е првиот самостоен „BMW M“ модел по 2BMW M1“.

„Неговиот високо-перформансен надворешен дизајн оддава почит на легендарниот спортски автомобил со мотор поставен во средината и „M HYBRID“ погонски склоп способен да помине до 88 километри во 100% електричен режим, идеален за градско и меѓуградско патување“, се вели во соопштението.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битола доби три целосно реконструирани улици и 98 нови паркинг места

Седмицата која изминува беше доста активна во делот на асфалтирање улици и нови паркинзи во Битола. 

Битола доби три целосно реконструирани улици и 98 нови паркинг места

Општината изгради нов паркинг простор во поранешната касарна на површина од 1550 м2 со што обезбедени се 73 нови паркинг места. Вредноста на проектот е 6.256.014,18 денари. Се асфалтираше и улицата „Козара“. Проектот опфати асфалтирање на коловоз и реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во должина од 230 метри.

Вредноста на инвестицијата е 4.000.000 денари.

Центарот на Битола доби нов паркинг простор. Успешно се реализира проектот за изградба на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“. На површина од 1100 м2 обезбедени се 25 нови паркинг места. Вредноста на овој проект е 2.752.772 денари.

Освен улицата „Козара“ се асфалтираа и други две улици кај Здравствениот дом. Станува збор за улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“ во должина од 220 метри, а вредноста на овој инфраструктурен проект е 6.073.392 денари.

Од утре почнуваат и градежните активности за изградба на уште еден паркинг простор во Битола, на местото викано кај „Ат Пазар“

Посветено и со многу внимание се грижиме за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%

Забрзува растот на туризмот и Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%

Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи.

Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам.

Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд.

Според најновите показатели, Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот. Извештајот на Светска Банка потврдува дека, на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%.

Позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка дестинација.

Особено значајно е што туристичката понуда се развива во текот на целата година. Покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам.

Поголемиот број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници.

Владата паралелно создава услови за нови инвестиции во туристичките капацитети, со поедноставување на процедурите и подобрување на деловната клима. Целта е во Македонија да има повеќе сместувачки капацитети, поквалитетна понуда и повисоки стандарди во туристичкиот сектор.

Посебен фокус е ставен и на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за инвестиции во руралните средини, со што се отвора простор за развој на семејните бизниси, создавање нови туристички содржини и отворање нови работни места.

Туризмот е двигател на локалниот економски развој, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики, инвестиции и мерки кои носат резултати.

Со јасна визија и континуирана поддршка, продолжуваме да ја градиме Македонија како модерна, конкурентна и атрактивна туристичка дестинација, со повеќе туристи, повеќе инвестиции, нови работни места и посилен економски развој.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мирослав Тричковиќ - човекот на БИА, на Стоилковиќ и на Вучиќ, што ја злоупотребува српската заедница!

Вчера конечно добивме име и презиме на авторот на гнасниот текст полн со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и проф. д-р Венко Филипче.

СДСМ: Мирослав Тричковиќ - човекот на БИА, на Стоилковиќ и на Вучиќ,  што ја злоупотребува српската заедница!

Авторот е Мирослав Тричковиќ.

Прво го потпиша како „Србите“. Вчера призна - тој лично бил.

Кој е навистина Мирослав Тричковиќ?

• Бил советник во Советот на Општина Куманово од листата на ВМРО

• Висок функционер на Демократската партија на Србите во Македонија

• Долгогодишен близок соработник, човек од најголема доверба и прв оперативец на Иван Стоилковиќ

• Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград

• Регрутиран во структурите на БИА по директна препорака на Иван Стоилковиќ

• Во 2017 година добива задача да го стави во функција порталот Srbi.mk, чиј уредник и сопственик е самиот тој.

• Денес е Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на припадници на заедниците.

Човек задолжен за образование - со речник на простак и уличар.

Ова се кадрите на Владата на Христијан Мицкоски. Тоа се експертите за унапредување на јазиците, на ВМРО.

Тричковиќ е познат како голем русофил и отворен противник на НАТО.

Тој е поврзан со десничарски, фашистички и екстремни кругови во Србија – со Миша Вациќ (Српска десница), Драгослав Бокан (Бели орлови), како и со Александар Ѓурѓевиќ (Српска лига), според чиј модел БИА создаде партија за Саша Богдановиќ (поранешен ЗНАМ), еден од оние кои работеа на разнебитување на СДСМ заедно со Максим Димитриевски во корист на Мицкоски.

Промотор на Слободан Милошевиќ и на политиката од 90-тите години. Промотор на Алта Банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ и која служи за финансирање на „српскиот свет“, како и на пропагандата на Вучиќ и ВМРО-ОКГ против ЕУ.

Почитувач е на Драгoш Калаиќ, еден од првите јавно декларирани фашисти во Југославија по смртта на Тито, Жељко Ражнатовиќ Аркан, командант на Српската доброволна гарда, Капетан Драган, осуден за воени злосторства во Хрватска, како и на неодамна починатиот хашки осуденик Небојша Павковиќ.

Што прави овој човек?

Ја злоупотребува целата српска заедница во Македонија.

Прво се крие зад „Србите“, а потоа признава дека тој лично стои зад текстот полн со омраза.

Ова е методот на „српскиот свет“.

Истиот модел што го користат Александар Вучиќ и СНС - да се поистоветат себеси со целиот народ, а потоа во име на народот да сеат омраза и поделби.

Тричковиќ е човек на Стоилковиќ.

Стоилковиќ е човек на Мицкоски.

Мицкоски е дел од истата мрежа што води кон Вучиќ и кон структурите што го промовираат „српскиот свет“ и антиевропската агенда во регионот.

Директор за образование со речник на уличар.

Оперативец поврзан со БИА.

Човек што ја користи српската заедница како штит и како оружје.

Ова не е глас на Србите во Македонија.

Ова е глас на еден послушник на Стоилковиќ, на Мицкоски и на мрежата што работи против европската иднина на Македонија.

Граѓаните мораат да знаат со кого имаат работа.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер