Автомобилизам БМВ го претставува првиот блиндиран модел на електричен погон (ФОТО)BMW Series 7 е еден од најпопуларните модели кога се во прашање оклопните возила. Дали ќе има и електричен i7?Ако судиме според перформансите, тогаш тешко, бидејќи тивкиот i7 драстично ја губи својата агилност по третманот со инсталација на балистичка заштита. Наместо 4,7 секунди што му се потребни на основниот i7 за да достигне 100 km/h, истото забрзување сега трае двојно повеќе, дури 9 секунди. Во исто време, максималната брзина е ограничена, но не на 240, туку на 160 km/h. Верзијата Protection на моделот i7 нуди балистичка заштита на ниво VR9. Визуелно, автомобилот однадвор има претседателски додатоци како што се носачи на знамиња, опционални сигнални светла и специјални тркала од 20 инчи. Кога станува збор за второто, на нив се монтирани гуми Michelin PAX run-flat. Целата друга опрема доаѓа како опција од програмата за персонализација, но идејата е автомобилот да биде што понезабележлив однадвор. Кога станува збор за кабината, таа е заштитена со т.н Системот BMW Protection Core, т.е. челичните панели што ја сочинуваат заштитната обвивка, кои исто така доаѓаат со засилено безбедносно стакло на вратата што штити од калибар 7,62x54 R.. БМВ тврди дека патниците се заштитени од пешадиско оружје, мини и напади со беспилотни летала. За секој случај, можно е опционално да се опреми автомобилот со систем за снабдување со свеж воздух и автоматски систем за заштита од пожари. За да комуницираат со луѓето во околината, патниците не го отвораат прозорецот, туку можат да комуницираат преку специјален домофон систем со дополнителни звучници и надворешен микрофон. Да го споменеме и системот за звук со врвен квалитет Bowers & Wilkins со 28 звучници и моќност од 1265 W, како и системот за затемнување на задното стакло. Вратите се отвораат со помош на електричен погон, патниците одзади имаат и ладилник за пијалоци, додека возачот добива дополнителен екран со постојано вклучена проекција на задната камера. Како што рековме, i7 Protection има електричен погон. Се базира на верзијата xDrive60, што значи дека има 544 КС и 745 Nm. Заедно со значително полошите перформанси како последица на зголемувањето на тежината на возилото, секако има и помал опсег. За жал, BMW не го прецизира тоа. Доколку ја изберете бензинската верзија, понудата е опција со 4.4 V8 мотор со 530 КС и 750 Nm. Оваа опција е многу поагилна, вози до 100 km/h за 6,6 секунди и достигнувајќи 210 km/h. А тоа, заедно со автономијата, може да биде клучно за корисниците кои сакаат да избегаат од напаѓачите на безбедно место. Премиерата на блиндираната серија 7 вклучувајќи го и i7 ќе биде на почетокот на септември на саемот во Минхен, а потоа ќе бидат објавени и цените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаГерасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од ЦентарМесечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар, поддршка за талентот, успехот и развојот на младите.Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: култура, наука, техника и посебни вештини, како и спорт. Дополнително се доделуваат стипендии на осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик. Висина на стипендиите во категориите култура, наука, техника и посебни вештини, изнесува 4.000 и 4.500 денари месечно, додека за спортските стипендии се предвидени 3.500, 4.500 и 5.000 денари месечно, во тек на осум месеци во тековната учебна година. „Го исполнивме предизборното ветување за зголемување на ученичките стипендии за 50 проценти. Со оваа мерка обезбедуваме поголема поддршка за знаењето, креативноста, талентот и спортскиот дух на нашите ученици. Тие се нашата иднина и заслужуваат услови во кои ќе можат да се развиваат и да ги остваруваат своите амбиции“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Секој ученик може да аплицира само во една категорија. За пријавување потребно е да се достават потврда од училиште дека е редовен ученик/чка, кратка биографија, контакт од родител или старател, фотокопии од свидетелства, добиени дипломи, признанија и награди, како и потврди од надлежните федерации или акредитирани организации, согласно категоријата за која се аплицира. Документите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, со соодветна назнака за категоријата. Крајниот рок за поднесување на документите е 23.9.2026 година. Огласите се објавени на веб-страницата на Општина Центар, каде што се наведени сите услови и потребни документи за аплицирање: ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина Центар ОГЛАС за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во учебната 2026/2027 година | Општина Центар ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науката, техниката и посебните вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
АвтомобилизамИџе во Бузет: Големо финале на европскиот шампионат на ридски патекиИгор Стефановски - Иџе е подготвен за последниот предизвик во сезоната. Овој викенд, од 18 до 20 септември, Бузет, Хрватска, ќе биде домаќин на големото финале на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки (FIA EHCC). По одличниот настап и успешниот старт со новиот прототип „Нова прото“ во Словенија, Иџе сега го насочува фокусот кон култната трка 45- Buzetski dani 2026, која традиционално привлекува голем број врвни европски возачи. Официјалната листа на пријавени брои дури 242 возачи, а во Категорија 2, во која од оваа сезона настапува Иџе со новиот болид, се пријавени најдобрите имиња од европската елита. „Очекуваме добар резултат и сакаме таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна. Бузет има посебно место во мојата кариера“, вели Иџе, кој со нетрпение го очекува настапот. Стефановски ветува спектакл за верната публика во Бузет. Бузет има посебно значење за неговата кариера. Токму на оваа патека минатата сезона Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1. Оваа година предизвикот е уште поголем. Со преминувањето на Ново прото, Игор Стефановски - Иџе и официјално се пресели во Категорија 2, најпрестижната и технолошки најнапредната категорија во европскиот автомобилизам на ридски патеки. Последниот викенд од европскиот шампионат носи нова битка, силна конкуренција и уште еден спектакл на легендарната патека во Бузет. Иџе е подготвен. Бузет и неговата публика го очекуваат. Македонија ќе има нова шанса да навива за својот шампион.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветКонгресот на САД изгласа построги санкции против РусијаПретставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина.Претставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина, испраќајќи го законот до претседателот Доналд Трамп за негов потпис. Ова веројатно е најзначајната иницијатива на САД за поддршка на Украина откако Трамп се врати на функцијата: По Сенатот, и претставничкиот дом сега ги одобри новите санкции. Законот сега се нарекува „закон за санкции на Русија и Иран од Линдзи Греам од 2026 година“, во чест на покојниот републиканец од Јужна Каролина кој го предложи пред година ипол. Десетици демократи се одвоија од раководството на нивната партија и им се придружија на повеќето републиканци во поддршката на законот. Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон руската „флота во сенка“ од танкери кои ги заобиколуваат западните санкции и пловат низ меѓународните води што е спротивно на меѓународното право вклучитело и поморското, и се соочи со отпор бидејќи го овластува Трамп да воведе високи царини на Кина, Индија и други земји за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас и да ги продолжат санкциите кон Иран.Тагови: Конгрес русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00