„Бикини Мун“ овој месец на фестивали во Порто и Белград - Канал 5

„Бикини Мун“ овој месец на фестивали во Порто и Белград

Петтиот игран филм на Милчо Манчевски „Бикини Мун“ овој месец ќе има европска премиера. Филмот ќе биде прикажан на два фестивала - Фантаспорто во Порто, Португалија, и на 46. ФЕСТ во Белград, кој ќе почне на 23 февруари и на кој Манчевски ќе биде и претседател на жирито. Во март, пак, филмот ќе биде и на филмскиот фестивал во Софија.

„Бикини Мун“ овој месец на фестивали во Порто и Белград
ФЕСТ во Белград ќе го отвари филмот „Три билборди близу Ебинг во Мисури“ кој е номиниран за седум оскари. Од неодамна белградскиот ФЕСТ има и натпреварувачки дел. Бидејќи Манчевски е во фестивалското жири, „Бикини Мун“ ќе биде прикажан надвор од конкуренција.

- „Бикини Мун“ е психолошки портрет кој има формат на лажен документарец и зборува за тоа како медиумот, вклучувајќи го и филмот, го експлоатираат поединецот. Денес секаде и секој снима и тоа го гледаме сите: од прислушување и безбедносни камери до самослик на Фејсбук. Како и моите досегашни филмови, „Бикини Мун“ зборува за природата на вистината, лагата и илузијата, изјави Манчевски за својот петти игран филм - американско-германската копродукција чија светска премиера беше на фестивалот во Сао Пауло, Бразил. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Трамп го нападна Иран,американскиот претседател се заканува: „Ми треба само еден час за да ја освоам планината Пиук!“

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави!

Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион.

Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил .

„Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце.

Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час!

Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ѓоко Ристов

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.

Продолжува судењето на Ѓоко Ристов

Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари.

Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид.

Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења.

На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Лицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација.

Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера.

Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки.

Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал.

Двојните аршини на СДС нема да поминат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер