Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
Култура„Бикини Мун“ на Манчевски почнува турнеја низ Македонија Со проекциите во Штип утре и на 25 април, почнува турнејата со киноприкажување во Македонија на „Бикини Мун“, петтиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Филмот ќе игра во дваесетина градови низ земјава, меѓу кои и Кочани, Македонски Брод, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Велес, Гостивар, Прилеп, Куманово. „Бикини Мун“, првиот американски филм на Манчевски, снимен е во Њујорк. Македонската премиера на филмот беше во Скопје на 22 март, од 4 април игра и во Битола. Изминатава недела филмот играше на еден од најреномираните фестивали за авторски филм во САД во Сарасота. Бикини Мун ја имаше светската премиера во Бразил, на фестивалот во Сао Пауло, а потоа во Португалија ја освои специјалната награда на жирито. Беше прикажан и на фестивалите во Синеквест во Сан Хозе, Калифорнија, Белград и Софија, Истанбул, Франкфурт, а следат Нешвил, Менхетн, Шангај и други. Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис. Дизајнер на продукција е редовниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, кој има работено на сите негови досегашни филмски проекти. Директор на фотографија е Џошуа З. Вајнстин. Единствени Македонци во филмската екипа, покрај режисерот, се композиторот на музиката Игор Василев Новоградска и дизајнерот на специјалните ефекти Мишо Ристов. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаНа 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУПроблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето.. Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.Тагови: камионџии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗагина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилотоЗагина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило. Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаАктивни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто ОризариАктивни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter