3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
Култура„Би Би Си“ музичкиот магазин со максимални 5 ѕвездички за новиот компакт-диск на Симон ТрпческиМаксимални 5 ѕвездички за новиот компакт- диск на македонскиот пијанист Симон Трпчевски.Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија, „БИ БИ СИ Мјузик магазин“ во својот јануарски број, со максималната оценка од 5 ѕвездички го оцени нajновото самостојно компакт-диск издание на нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“ што неодамна го издаде британска етикета „ОНИКС“, информира КултурОп. „Трпчески ги позлатува Приказните на Прокофјев со совршено проценет тон, придружен од снимка која е исто полна и прекрасна како и изведбата на ваков врвен пијанист “ – нагласува еминентниот критичар Дејвид Најс во текстот под наслов „Трпчески обојува магична слика“, издвоен како „инструментален избор на уредникот“. За изведбата на „Шехерезада“, тој подвлекува дека „...Трпчески толку прекрасно ја „диригира“ својата интерпретација кон серија врвни кулминации, што сосема ја разбирате неговата посебна љубов кон оваа музика“, завршувајќи за „Ноќта на Голиот рид“ од Модест Петрович-Мусоргски, адаптирано од Николај Римски-Корсаков, а за пијано од Константин Чернов, дека „... таму каде што обичен виртуоз може да брза низ демонски-прогонувачката зора, Трпчески создава најмагична обоеност на тонот“. Освен за изведбата, 5 ѕвездички ова издание доби и за квалитетот на снимката реализирана во Ливерпул со продуцентот Ендрју Корнал. Потсетуваме, Трпчески за својот најнов соло носач на звук (трет за издавачката куќа „ОНИКС“) направи внимателен избор од фасцинантна и, како што самиот вели „инспиративна музика од Прокофјев, Мусоргски и Римски-Корсаков“. Инаку, по декемвриските настапи во Франкфурт и Виена (прочуената сала „Музикферајн“), првите 3 концерти во Новата година го водат нашиот прославен пијанист од светски глас во Соединетите американски држави на настапи на матичната сцена со Њу Џерси Симфони и прославената диригентка Шиан Жанг. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денариЗапленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице.Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров во МанилаРубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров на маргините на самитот на АСЕАН во Манила.Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила во утринава Ниту еден од нив не одговори на прашањата од новинарите за тоа дали Русија го поддржува Иран со тоа што помага во таргетирањето на американските трупи или дали Москва планира да ја запре својата целосна инвазија на Украина. Во соопштението од Стејт департментот подоцна беше потврдено дека двајцата претставници разговарале за „односите меѓу САД и Русија и потребата од прекин на војната меѓу Русија и Украина“. Претходно, Рубио беше прашан дали планира да изврши притисок врз Лавров за Украина за време на нивниот состанок. „Очигледно е дека војната во Украина во многу аспекти ја попречи способноста на Русија и САД да се договорат за други теми, но тоа не значи дека нема да бараме да најдеме други области за потенцијална соработка“, рече тој. На прашањето каква улога играат САД во постигнувањето крај на војната меѓу Русија и Украина, со оглед на тоа што разговорите се распаднаа, Рубио рече: „можеби сега постојат нови услови што ќе овозможат тој разговор да се случи“.„ Тоа е една од работите што ќе ги истражиме утре во нашиот разговор“, додаде тој.Тагови: Марко Рубио Сергеј Лавров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Кармен свита“ и „Болеро“ - современа интерпретација на балетската класикаЕнергијата што се чувствуваше во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ уште еднаш потврди дека јазикот на театарот и воопшто на уметноста немаат граници.На репертоарот на „Охридско лето“ синоќа се одиграа балетските претстави „Кармен свита“ и „Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел, во изведба на маестралните уметници од Опера и Театар „Мадленијанум“ од Србија, а во кореографија на Александар Илиќ. „Кармен свита“ адаптирана според Бизеовата опера „Кармен“ ја долови стравствената приказна за Кармен, симболот на слободата и судбината, а „Болеро“ во вториот дел од вечерта донесе динамична кореографија полна со драмски тензии. Енергијата што се чувствуваше во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ уште еднаш потврди дека јазикот на театарот и воопшто на уметноста немаат граници. Идејата за настанување на овие две балетски претстави е на поранешниот уметнички директор на Операта и театарот „Мадленијанум“ Никола Мијаиловиќ со цел да се одбележат 150 години од раѓањето на Морис Равел и 150 години од смртта на Жорж Бизе. Оваа година почина и Родион Шчедрин, така што претставите ги слават токму овие тројца големи уметници. Кореографот Илиќ, класичните музички дела ги поставува во современ контекст, спојувајќи ја виртуозната игра, силната драмска експресија и авторски препознатливиот кореографски израз. -Оваа претстава носи спектакуларна танцова верзија на двете дела, „Кармен“ и „Болеро“. Според мене, секако „Кармен“ е една од најубавите музички партитури, а исто така и „Болерото“ од Равел. Сакам да кажам дека се работи за две потполно различни продукции. „Кармен свита“ е правена во еден неокласичен стил кој носи класика и сè што навистина е кореографски јазик за класичен балет. „Болерото“ е правен на еден потполно современ кореографски вокабулар, појаснува Илиќ. Современата игра, според него, бара дијалог со публиката, просторот и времето. -Сметам дека современата игра е можеби единствена гранка во уметноста која најбрзо се развива од сите останати уметнички гранки, нешто слично како технологијата. Во денешно време кога зборувате за современа игра, таа отишла толку далеку што сè е возможно. Кога ги споменувам овие три фрази мислам на тоа дека е важна партиципацијата на публиката во сите претстави. Тоа вечерва го почувствува и публиката на „Охридско лето“. Дали претставата е наративна или не, не е воопшто прашање, туку работата е како можете да допрете до гледачите, да ја почувствувате не само играта на уметниците, туку и текстурата на претставите која секако е во синергија со музиката, појаснува Илиќ. Опера и театар „Мадленијанум“ за балетите „Кармен свита“ и „Болеро“ е добитник на бројни признанија од српските стручни здруженија и фестивали. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33