„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците - Канал 5

„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците

„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците
Наскоро полициски возила со камери ќе мерат брзина во движење и ќе ги казнуваат оние кои возат пребрзо, најави министерот за внатрешни работи Тошковски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат градежните активности за изградба на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за изградба на новата училишна зграда во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Продолжуваат градежните активности за изградба на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за изградба на новата училишна зграда во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден, каде интензивно се работи на реализација на овој значаен капитален проект.

Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, при што целосно се завршени фасадните и лимарските работи, додека во тек се молерофарбарските работи, изведбата на водоводната и канализациската инсталација, како и работите поврзани со ПВЦ столаријата.

Со реализацијата на овој проект ќе се создадат современи и функционални услови за одвивање на наставата, а повеќе од 1.000 ученици ќе добијат можност да ја следат наставата во една смена, со што значително ќе се унапреди организацијата и квалитетот на образовниот процес.

Новиот училишен објект ќе се простира на површина од над 900 м², на два ката, и ќе располага со 10 училници, шест санитарни јазли, од кои два приспособени за лица со попреченост, лифт, наставничка канцеларија и две помошни простории.

При увидот, градоначалникот Георгиевски истакна дека вложувањата во образовната инфраструктура остануваат еден од главните приоритети на локалната самоуправа, со континуирани инвестиции во подобрување на условите во сите основни училишта на територијата на општината.

Изградбата на новата училишна зграда се реализира во соработка со Владата и Министерството за образование и наука и претставува значаен придонес кон создавањето современ, квалитетен и инклузивен образовен систем во Општина Илинден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Де Брујне во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Наполи

Капитенот на Белгија, Кевин де Брујне би можел да го напушти Наполи за време на зимскиот преоден рок.

Де Брујне во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Наполи

Наводно, неговиот однос со некои од соиграчите значително се влошил, а италијанските медиуми пишуваат дека раководството на клубот размислува за разделба со белгискиот играч за врска.

Де Брујне пристигна во Наполи од Манчестер Сити како големо засилување, но неговиот статус со текот на времето се промени.

Според италијанските медиуми, во соблекувалната владее тензична атмосфера, а Белгиецот влегол во конфликти со неколку фудбалери.

Инцидентот со Лоренцо Лука за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Порто особено се издвојува, но, како што се наведува, тоа не било единственото недоразбирање.

Наводно, Де Брујне не е во добри односи ниту со напаѓачот Расмус Хојлунд, ниту со капитенот Џовани ди Лоренцо.

Наполи бележи слаби резултати оваа сезона, поради што во клубот би можело да дојде до промени. Една од нив би можела да биде заминувањето на белгискиот фудбалер, иако неговиот договор трае до крајот на тековната сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Капитулација пред БОГОВИТЕ НА БЕЗАКОНИЕТО: коалиционите партнери делат навреди и се снимаат дури возат, државата молчи!

Безобразието, мизогинијата и отвореното дивјаштво на коалициониот партнер на власта, Петар Богојески, ја преминуваат секоја граница на нормалноста и влегуваат во зоната на директно загрозување на јавната безбедност и човечките права! 

ЛДП: Капитулација пред БОГОВИТЕ НА БЕЗАКОНИЕТО: коалиционите партнери делат навреди и се снимаат дури возат, државата молчи!

Само неколку дена по скандалозните повици за „машки надзор“ и оправдување на насилството, истиот овој лик излегува со бесрамна лавина навреди, нарекувајќи ги жените и активистките кои протестираа против фемицидите „хистерични кучкарки“, „булумента“ и „багра“. И додека овој политички експонент слободно се расфрла со говор на омраза, тој во исто време со гордост објавува видео како управува со возило во сообраќајот, снимајќи се и свесно кршејќи ги законските прописи за безбедност на патиштата! Во Либерално-демократската партија (ЛДП) очекувавме експресна реакција на Владата, а добивме 24 часовен молк, односно премолчено одобрување.

Гласно прашуваме со целиот народ: Каде се сега министерките во Владата да кажат збор за својот коалиционен партнер? Каде е министерката за образование и науката – зар овој институционален и морален дебакл не ја допира? Поважен ли комфорот на власта од страдањето на сограѓанките? Каде се министерот за одбрана и Воената академија да го суспендираат овој човек веднаш? Ова не е слобода на говор, ова е чист говор на омраза и директен чекор до насилство кое не смее да се промовира пред студентите, кадетите и идните војници! Каде е министерот за внатрешни работи и сообраќајната полиција веднаш да објават дека веќе го казниле за несовесно возење и снимање зад воланот?

Како е можно за обичниот народ да функционира секој системот за контрола, да ги снимаат до Сејф сити, додека за коалиционите партнери на власта важат само привилегии, дрскост и целосно беззаконие? Дали власта чека нова жртва на фемицид или кобна сообраќајна несреќа предизвикана од ваква неодговорност за конечно да си го дисциплинира партнерот согласно законите?

Ова секојдневно лудило длабоко го разгорува гневот кај граѓаните! ЛДП и народот бараат итна реакција од сите институции, санкционирање на сообраќајните прекршоци и јавно оградување од овие срамни испади – бидејќи молчењето на власта значи само едно: одобрување на насилството и беззаконието!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер