Култура„Без паника“ - премиера на Битолскиот театарНародниот театар-Битола вечер ќе ја изведе втората годинашна премиера, претставата „Без паника“ работена според текстот на финскиот автор Мика Мулуахо, а во режија на Благој Мицевски.Во комедијата „Без паника“ ќе настапат актерите Никола Пројчевски, Маријан Ѓоргиевски и Александар Копања. - Кога текстот првпат го прочитавме воочивме како на луѓето во Финска им е тешко да разговараат, но разговараат низ својата смиреност и тоа е поразлично отколку кај нас. Во комедијата настапуваме три лица кои пред публиката говорат една приказна исполнета со хиперреализам и со документарен пристап, истакна актерот Никола Пројчевски во пресрет на вечерашната премиера на „Без паника“ во Битола. Според актерот Александар Копања. најновиот театарски проект на битолскиот театар ќе овозможи вистинска комуникација со публиката, додека за актерот Маријан Ѓоргиевски претставата „Без паника“ претставува големо освежување и нов начин на презентацијата на комедијата низ еден безвременски текст разбирлив на сите јазици и во секоја држава. Во претставата „Без паника“ користена е музика од повеќе изведувачи, преводот го направи Оливера Павловиќ, драматург е Билјана Крајчевска, сценограф Драган Анѓелковиќ, а кореограф Валентино Апостоловски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
СветШвајцарија ги обновува односите со Северна КорејаШвајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, во Пјонгјанг се сретна со својата севернокорејска колешка, Чое Сон Хуи.Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс. На платформата „X“, Касис објави дека со министерката Чое разговарал за нормализирање на политичките односи и за обновување на политичкиот дијалог меѓу двете земји. Тој додаде дека разговарале и за безбедносните прашања на Корејскиот Полуостров, како и за пошироките безбедносни предизвици во евроазискиот регион. Exchange with Jo Yong Won, Secretary of the Central Committee of the Workers’ Party of Korea, in #Pyongyang. We welcomed the reopening of the #Swiss diplomatic office and discussed developments in the DPRK and the potential for strengthening bilateral relations. https://t.co/yCeKsnSat4 — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Канцеларијата во Пјонгјанг повторно е активна Швајцарската канцеларија во Пјонгјанг започна со работа на 19 октомври. Таа е поврзана со швајцарската амбасада во Пекинг, која продолжува да ги води сите дипломатски и конзуларни работи со Северна Кореја. Meeting with DPRK Foreign Minister Choe Son Hui in #Pyongyang. We discussed reopening the 🇨🇭 diplomatic office in a new format, regularising political relations and reestablishing a political #dialogue. We also exchanged views on security on the Korean Peninsula and broader Eurasian security challenges. — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Тагови: Северна Кореја Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инцидентиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница заврши без нарушување на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти.Во текот на целиот ден, МВР преземаше соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на изборниот процес, заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: инциденти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП Паркинзи на Општина ЦентарТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook