Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
Живот„Бев мртва 8 минути – таму немаше болка, а мислите веднаш стануваа реалност“Бријана Лаферти (33) го сподели своето потресно и мистично искуство со клиничка смрт, тврдејќи дека смртта е само илузија. Таа вели дека нејзиното битие го напуштило телото, додека нејзината свест се преселила во простор без време, болка и граници.Американката Бријана Лаферти, која боледува од редок и тежок невролошки нарушување познато како миоклонусна дистонија, со денови трпела несоница толку интензивна што не заспала ни за момент. Во еден миг, нејзиното тело, како што вели, едноставно се предало. Била клинички мртва осум минути, но тогаш ѝ се случило нешто што никогаш нема да го заборави, пренесува британски „Експрес“. – Излегов од телото. Не го видов моето физичко јас, но бев во потполн мир. Се чувствував поинаку живо од кога било. Немаше болка, само длабоко чувство на јасност и спокој – раскажала таа. За време на тоа искуство, слушнала глас што ја прашал дали е подготвена. Кога се согласила, сè било обвиено во темнина, но и силно чувство на разбирање. „Свеста не умира“ – Смртта е илузија затоа што нашата душа не умира. Нашата свест останува жива. Нашата суштина едноставно се менува и преминува во друга состојба. Таму мислите веднаш ми стануваа реалност. Нашите мисли таму го создаваат светот околу нас, но потребно е време – и тоа всушност е благослов. Таа тврди дека научила како од негативното да создаде нешто позитивно и на сè да ѝ даде подлабоко значење. – Денес се чувствувам оснажено и со доверба ги прифаќам предизвиците. Ми е јасно зошто се борев со болеста и сè што доаѓаше со неа. „Сè се случува со причина“ View this post on Instagram A post shared by Bri Lafferty _ Transition Guide (@bri_0nic) Сега Бријана верува дека сè во животот се случува со причина, и поради тоа веќе не чувствува лутина ниту фрустрација, дури ни кога се соочува со неправда. – Самото сознание колку се силни мислите и чувствата ми помага да живеам со длабока благодарност. За време на четирите дена во болница, откако ѝ проработело срцето, Бријана се обидувала да разбере што точно ѝ се случило. Повторно морала да учи да оди и да зборува. – Сѐ уште имам трајни последици, вклучително и оштетување на хипофизата. Но експерименталната операција на мозокот засега е успешна. Иако признава дека чувствува благ страв од нова епизода на клиничка смрт – не поради самото искуство, туку поради исцрпувачкото закрепнување – таа вели дека е подготвена да го прифати тоа ако мора. – Моето срце денес е исполнето со благодарност, а не со лутина. „Преживеав затоа што имам цел“ Таа верува дека сè што ѝ се случило – се случило со причина. View this post on Instagram A post shared by Bri Lafferty _ Transition Guide (@bri_0nic) – Верувам дека преживеав затоа што имам цел на оваа Земја. Имаше многу моменти кога можев да умрам, но не умрев. Верувам дека нашата душа ги избира тешките и болни моменти за да научи нешто што не може да го доживее во духовниот свет. Понекогаш причината е и возбудата од непознатото. Денес го користи своето искуство за да им помогне на други кои се соочуваат со хронични болести, смрт или духовно будење. – Сега знам дека постои повисока интелигенција што не набљудува со безусловна љубов. Сè се случува истовремено, како да не постои време, но сè има свој совршен ред – објаснила таа, пренесува „Mоје Вријеме“.Тагови: Живот по смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24