2Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување
Живот„Бели мугри“ на Рацин објавенa на денешен ден пред 85 годиниПоради опасноста да биде откриен и подложен на репресија во тогашната држава, кралска Југославија, причина е за користење на псевдонимот „К. Рацин“.Пред точно 85 години, на денешен ден, 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор, Хрватска, испечатена е стихозбирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин, македонскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература и книжевност. Стихозбирката „Бели мугри“ преставува врвен дострел на Рациновото творештво. Таа содржи 12 песни, распределени во пет циклуси и напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските дијалекти. „Бели мугри“ ги содржи и најпознатите песни „Денови“, „Ленка“, „Селска мака“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „Елегии за тебе“, „Уторото над нас“ и „Татунчо“ како и „На Струга дуќан да имам“ и „Проштавање“. „Бели мугри“ е стихозбирка со извонредно творештво на Рацин кој преку зборови говори за антологија на болките и на страдањата на македонскиот народ, за експлоатација на тутунопроизводителите, за маките на монополските работници и на надничарите како во Велес така и во Македонија, пред почетокот на Втората светска војна. Идеолошката припадност на Кочо Солев Рацин е препознатлива уште на самата корица на стихозбирката, преку испечатениот наслов чии букви се со црвена боја како симболика на кумунистичкото движење на кое му припаѓа и коешто се бори за „ново утро и почеток на нов живот на сите луѓе кои се еднакви“. Поради опасноста да биде откриен и подложен на репресија во тогашната држава, кралска Југославија, причина е за користење на псевдонимот „К. Рацин“. Делегација на Здружението на Македонците во Хрватска изминатиот викенд како и секоја година ја посети Печатницата на Шпулер во Самобор и се поклони и положи цвеќиња на спомен бистата на Кочо Рацин. Воедно изминатиот викенд во Самобор беше присутна и делегација на Советот на Општина Велес, информираа денеска од локалната самоуправа. Тие присуствувале и на концерт на Нинослав Димов и Маја Поповиќ што го подготви Македонскиот културно информативен центар во Загреб, со поддршка на Министерството за култура и туризам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФон дер Лајен во октомври го посетува Скопје: Планот за раст и новата стратегија на ЕУ во фокусотПланот за раст и напредокот на земјите кандидатки ќе биде во фоксуот на посетата на шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен за време на три дневната балканска турнеја. Европската Комисија потврди дека Лајен од 30-ти септември тргнува во посета на Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Според најавената агендата, Скопје најверојатно ќе го посети на втори октомври. -Таа ќе се фокусира на следните чекори од европскиот пат на нашите партнери и на актуелниот напредок за постепена интеграција, помогнат од планот за раст за Западен Балкан. , изјави Ариана Подеста, портпаролка на ЕК. Посетата на Лајен во регионот, во чии рамки нема да ги посети Белград и Сараево поради како што појаснија изборната кампања таму, ќе се совпадне со периодот кога Европската Комисија ќе ја објави новата стратегија за проширување, предвидена за 30-ти септември. Хрватскиот европратеник и известувач за Србија, Тонино Пицула открива дека на маса се дури 12 нон пејпери, од кои до 30-ти септември треба да произлезе еден конкретен документ. -Тогаш ќе видиме дали оние најави за некои иновации во политиката на проширување, дали новите членки на ЕУ на почетокот ќе бидат лишени од правото на вето на заедничките одлучи кои се веќе донесени. Ќе бидат ли тие фиксирани во некаков конкретен предлог. Тоа нема да биде прв пат, се сеќавам на 2019-та година кога Македонија уште еднаш, поради францускиот притисок заобиколена, а потоа Комисијата по шест месеци излезе со новата методологија на преговарање со кластери, изјави Тонино Пицула, европратеник од Хрватска. Она што е сосема извесно е дека документот ќе содржи три суштински работи – постепено членство, со пристап до европскиот пазар, нова методологија и построга контрола на земјите кандидатки. Она што најмногу ги плаши поддржувачите на проширувањето е од помпезно најавуваната реформата да произлезе членство во ЕУ од втор ред. -Тоа би изгледало како „ве каниме на роденден, но не смеете да ја пробате тортата. Значи не можете некого да поканите, а да не смее ништо да каже. , изјави Сунчана Главаш, европратеничка од Хрватска. Еврокомесарката Марта Кос вчера го повтори ставот на Брисел дека Македонија мора да ги спроведе уставните измени, а дека потоа очекува да биде поддржана од Бугарија во преговарачкиот процес. И додека Европската Унија ја живее најдолгата пауза без проширување од основањето, Канада преку ноќ доби отворена врата да стане првата придружна членка на Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитувањеМакедонците и Бугарите не ја изгубиле меѓусебната доверба, меѓутоа, ни треба подадена рака од Софија за воспоставување на постојан политички дијалог за надминување на разликите – изјави заменик шефот на дипломатија Зоран Димитровски во Софија. Пред својот говор, Димитровски ја поздрави публиката на бугарски јазик, притоа нагласи дека секој што сака да зборува на мајчиниот македонски или бугарски јазик треба да ја има слободата во тоа. Во овој контекст, Димитровски изјави дека вклучувањето на бугарите во македонскиот Устав никогаш не било проблем, меѓутоа, како што рече, добрососедските односи мора да се двонасочна улица. -Прашањето за вклучување на Бугарите во нашиот устав никогаш не било проблем и никогаш немало спротивставување на вклучувањето на Бугарите и почитувањето на нивните права.// Но, она што би сакале да видиме е потег и од бугарска страна - почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на организациите на Македонците во Бугарија,- -Зоран Димитровски Заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија. Димитровски изрази надеж дека во следните месеци ќе се подобри дијалогот на релација Скопје – Софија со што Брисел ќе донесе одлука за отворање на преговорите за членство. Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче пак без оптимизам за европската иднина на државава. Тој стравува дека Македонија, во група со Косово и Босна и Херцеговина, како што вели, ќе остане слепо црево во Европа. -За прв пат, како еден дополнителен сигнал за волјата на ЕУ да се проширува е дговорот кој што се спрема за придружно членство на Канада. // Притоа најавува дека за четири земји ќе се изгради точна стратегија, пат во чекори до крајот на мандатот на оваа Европска Комисија, како тие ќе станат земји членки на ЕУ. За жал ние не сме во таа група,- -Венко Филипче, претседател на СДСМ. И покрај политичкиот проблем, Димитровски најави дека на 8 октомври во Софија ќе се одржи Самит посветен на стартешкито коридор 8, откако со посредство на ЕК се постигна договор за заедничка игзрадба на железничкиот тунел што ќе ги поврзува двете земји. Во меѓувреме, директорот на МЖ Инфранструктруа, Ивановски инфромриаше дека со залисилена динамика се работи на втората фаза на пругата Бељаковце – Крива Паланка и веќе се реалзиирнаи околу 40 проценти од проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран почна масовна мобилизацијаИран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и Израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци.Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци низ земјата. Според Associated Press, повеќе од 600.000 Иранци се пријавиле во иницијативата „janfaday-e iran“, односно „оние кои го жртвуваат животот за Иран“, преку која доброволците треба да добијат воена и цивилно-одбранбена обука. Иранските власти очекуваат бројот на пријавени да надмине еден милион. Размерите на мобилизацијата станаа особено видливи денес во Техеран. Стотици илјади луѓе учествуваат на голем собир организиран со поддршка на властите, кој Ap го опишува како најголема јавна демонстрација на поддршка за иранската држава од почетокот на американско-израелските напади во февруари. Басиџ претходно најави дека само во техеран на 18 септември се планира масовна вежба со 313.000 учесници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter