„Баскерфест“ по втор пат во Охрид - Канал 5

„Баскерфест“ по втор пат во Охрид

Од денеска до 5-ти овој месец Охрид втор пат ќе биде домаќин на интернационалниот, мулти културен уличен фестивал „Баскерфест“.

„Баскерфест“ по втор пат во Охрид
Организаторите најавија дека ќе настапат 40-тина уметници, меѓу кои магионичари, кловнови, огнено шоу, музика во живо, улични танчери и други креативни активности, а за главна атракција го најавуваат одењето по жица на Крис Бул. Уличните уметници своите перформанси ќе ги изведуваат на Градскиот плоштад и плоштадот Чинар.

- Годинава во Охрид ќе настапат повеќе од 40 изведувачи, магионичари, кловнови ... На обострано задоволство оваа година ќе имаме можност да уживаме во точките на светски познатиот Крис Бул, чиј перформанс е одење по жица, рече Игор Трајчески од фестивалот „Баскер фест“ вчера на прес-конференција.

Фестивалот е во склоп на манифестацијата „Бело лето“, со што официјално ќе се означи почетокот на летната сезона во Охрид.

- И оваа година како и претходната, ќе претставува комплементарен дел од програмата на „Бело лето“ и се надеваме дека со тоа ќе го надополниме целокупниот впечаток што се однесува до симболичниот почеток на летната туристичка сезона. Уверен сум дека со овие активности кои што ги подготвивме за претстојниот викенд ќе бидат доволна причина за охриѓани и сите гости и посетители да дојдат и да уживаат во перформансите и активностите кои се предвидени, истакна раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.

Како новитет за годинава тој најави дека по завршувањето на настапите, охриѓани и гостите ќе можат да се дружат со артистите во „Пивската градина“ што ќе биде лоцирана во паркот пред Центарот за култура „Григор Прличев“, каде ќе настапат повеќе бендови.

Артистот Марко Дражиќ од Нови Сад на „Баскерфест“ настапува по четврт пат, а оваа година прв пат во Охрид.

- Нашата точка е фајар шоу и можам да гарантирам дека ќе биде одличен. Ќе настапуваме три дена и се надевам дека ќе дојдете и ќе уживате во забавата, нагласи Дражиќ.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Светската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути.

За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат.

„Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката.

Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски.

Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски.

Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму.

„И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике.

Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер.

Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“.

Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час.

Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. 

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија.

Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди.

„Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата.

Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави примирје. Зеленски изненаден, но се согласува

Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно објави дека „енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина „стапува на сила веднаш“. 

Трамп објави примирје. Зеленски  изненаден, но се согласува

„Двете страни се согласија. Не го прекршувајте! Ви благодарам на вниманието. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша Трамп.

Зеленски е изненаден, но го прифаќа примирјето , Путин молчи.

Најавата очигледно го затекна Киев неподготвен; Володимир Зеленски изјави дека објавата на Трамп за него претставува новина, но рече дека Украина би се согласила на договорот доколку и Русија го прифати. Москва сè уште нема дадено коментар за најавата на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер