„Барселона“ казнета со 14 месеци забрана за трансфери - Канал 5

„Барселона“ казнета со 14 месеци забрана за трансфери

Шпанскиот фудбалски шампион „Барселона“ е казнет од ФИФА со забрана за трансфери во период од 14 месеци, поради потпишување на професионален договор со играч помлад од 18 години.

„Барселона“ казнета со 14 месеци забрана за трансфери
Каталонскиот клуб не ќе може да купува или да продава фудбалери до летото 2015 година. Клубот исто така е казнет и со 450.000 швајцарски франци, а таква казна и е изречена и на Шпанската фудбалска федерација.

„Барселона“ планираше ова лето да купи и да продаде неколкумина фудбалери во обид да се засили клубот, но таквите планови сега мора да бидат одложени.

Голманот Виктор Валдес, како и ветеранот Карлос Пујол уште од подамна најавија заминување од клубот на крајот од оваа сезона, а „Барселона“ потврди дека засилено бара нови фудбалери за овие двајца играчи.

Претставник на клубот изјави денеска дека „Барса“ не е виновна и дека не сторила ништо против прописите.

Четирикатниот европски првак се соочува и со уште едно понижување, откако шпанските власти покренаа обвинение против клубот за даночно затајување.

Даночните власти тврдат дека „Барселона“ одбегнала да плати данок при милионскиот трансфер на Бразилецот Нејмар и за тоа поднесоа и формална тужба. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер