„Атерирала“ со автомобилот на покрив во канал полн со вода- стигнала неочекувана помош (ВИДЕО) - Канал 5

„Атерирала“ со автомобилот на покрив во канал полн со вода- стигнала неочекувана помош (ВИДЕО)

На социјалните мрежи повторно се појави приказната за спасувањето на 75-годишната Роби Карпентер, која доживеа несреќа во Калифорнија.

„Атерирала“ со автомобилот на покрив во канал полн со вода- стигнала неочекувана помош (ВИДЕО)

Инцидентот се случил кон крајот на 2024 година, откако жртвата од несреќата изгубила контрола и слетала во канал полн со вода. Нејзиниот автомобил се превртел на покривот.

Сил Џонсон (28), неговата сопруга Ешли Мартин (27) и нивната шестгодишна ќерка биле на гости кај пријатели, а живеат во градот Мерисвил (Вашингтон).

Девојчето си играло пред куќата, недалеку од Ларкин Роуд, кога ја видела несреќата и истрчала да ги повика родителите. Таткото прв излегол, ја прескокнал оградата и без размислување се симнал во каналот.

Неговата сопруга тргнала по него, а Карпентер ја нашле со главата во вода. Бидејќи била врзана со ремен, Сил брзо го пресекол безбедносниот појас со нож, пишува Yahoo.News.

Повредената жена ја извлекле на безбедно и останале покрај неа додека не дојде брзата помош. Потоа била пренесена во болница каде ѝ биле констатирани полесни повреди.

„Да не беше херојскиот чин на Сил, Ешли и нивната ќерка, исходот ќе беше поинаков. „Го поздравуваме она што го направи ова семејство“, велат властите.

YouTube video

Тогаш беше откриено дека Сил Џонсон бил на местото на несреќата и кај Хаусли Роуд, на 13 октомври минатата година, кога му помогнал на повредениот возач.

„Тој е вистинскиот човек за тешки ситуации“, било нагласено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година.

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Прилеп.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тон

Светот „во трка“ по бакар. Цената руши рекорди, па на Лонодонската берза за метали достигна историски максимум од 14.912 долари за тон.

Цената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тон

Причината е растечката побарувачка, но и стравувањата дека новото производство нема да може доволно брзо да го следи растот. Според долгорочните проценки, светската побарувачка за бакар може да надмине 50 милиони тони годишно до 2050 година, од околу 34 милиони тони денес. Македонија има бакар – но сè уште нема јасен одговор дали може да го искористи потенцијалот кој е под земја, без да ја загрози животната средина.

Најголемиот потенцијал го има Иловица, но неизвесноста околу реалзиацијата на проектот продолжува. Дел од жителите на Иловица организирани преку иницијативата „И Здравје и Работа“ даваат поддршка. Дел од неа е и Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, кој за Канал 5 вели дека има начин како да имаме финансиски бенефит како држава и да ја заштитиме животната средина, ако се почитуваат светските еколошки стандарди.

-Ние граѓаните, мнозинството од двете населени места, па можам да кажам и општина Босилово и регионот и граѓаните од таму со кои комуницираме, сме „за“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“. Имаше неколкумина кои беа противници на отворањето со напомената дека со рудникот ќе се загрозат животната средина, воздухот, почвата, меѓутоа, со најсовремена европска и светска технологија имаме целосна гаранција дека до тоа нема да дојде. - Никола Стаменов – Иницијатива „И здравје и работа“

Бакарот е неопходен за електричните мрежи, обновливите извори на енергија, електричните возила, но и за изградбата на центри за податоци кои се потребни за развојот на вештачката интелигенција. Поради ова, побарувачката расте, а отворањето нови рудници трае со години. Дополнителен притисок на пазарот периодов создаваат и САД, каде поради очекувањата за царини се пренасочуваат големи количества физички бакар кон американскиот пазар, а тоа ја намалува достапноста на металот на другите пазари.

Каја нас, бакар веќе се експлоатира во Бучим, каде годишно се преработуваат повеќе од 4,5 милиони тони руда, но Иловица-Штука според проценките би произведувала околу 16 илјади тони бакар годишно, во период од околу 20 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истиот познат вкус, со освежен изглед

Скопско го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско мурал

Истиот познат вкус, со освежен изглед

Со одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО.

Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа.

Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување.

За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер