Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Култура„Астерфест" почнува утре со филмот „Телефонско дежурство"Со македонската премиера на осумминутниот краток игран филм „Телефонско дежурство", ќе почне прикажувањето на кусометражната филмска програма од годинашното петнаесетто издание на струмичкиот интернационален фестивал за краток филм „Астерфест".„Астерфест" ќе се одржи онлајн од 28 до 31 август, под мотото „Движења, патеки". Пред прикажувањето на филмот организаторите предвидуваат кратко обраќање на авторката Мораг Меккинон од Единбург, на лауреатот на наградата „Астер" за животно дело, Пиро Милкани од Тирана, како и на режисерот Ленар Камалов од Москва. Во натпреварувачката програма се и кратките играни, анимирани и документарни филмови: „Мари" на Панајотис Краварис, „Месечински капки" на Јорам Евер-Хадани, „Неонски срца" на Ана Јакимска, „Обој ги змејовските очи" на Џемс Лукас, „Божикниот подарок" на Богдан Мурешану, „Улис" на Хорхе Малпика, „Прозорецот на соседите" на Маршал Кари, „Колахолик" на Марчин Подолец, „Еден од многуте" на Петра Злонога, „Потеклото на човекот" на Пјотр Сапегин, „Неумолива независна вселена" на Дамјан Краковјак, „Дневни задачи" на Петја Златева, „Рибата лист" на Лизи Хобс, „Странско тело" на Кристијан Гомез Агуилар, „Терариуми" на Хана Ховит, „Кругот" на Ланре Малаолу, „Оди, трчај, ча-ча" на Лора Никс, „Зомбија" на Балоџи, како и „Лисицата и гулабот" од Шериданската аниматорска школа. Покрај официјалната, во ретроспективната програма ќе има и неколку впечатливи кусометражни остварувања од изминатите години на Фестивалот, меѓу кои и филмови на авторите Стефан Шашков и Јани Бојаџи, на авторките Билјана Гарванлиева, Ана-Марика Графманс, Тамара Суламаниѕе и Хуанита Вилсон, но и оние на тандемот Претсел–Мекдауел, како и на Ено Милкани. Исто така, во соработка со Кинотеката ќе бидат прикажани три антологиски кратки филма од Бранко Гапо. Интернационалното стручно жири ќе ја соопшти одлуката за наградите в понеделник вечер, веднаш по последниот краток филм во конкуренција, „Циркуски движења" на Лукас Бергер и Марио Гаџо де Карваљо. Онлајн филмските содржини ќе може да се следат секоја вечер со почеток од 19:30 часот, преку линкот https://www.asterfest.com/online.html. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаницаНа почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПредизборен молк во Србија пред клучните избори во недела Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија. „Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“ Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери. „Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“ 18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарска новинарка заврши со скршено рамо- ја турнал обезбедувач во собраниетоСо скршеница на рамото заврши новинарката на бугарската информативна агенција ПИК, Соња Колтуклиева, откако беше турната од припадник на Националната служба за обезбедување во Софија. Инцидентот се случил пред седиштето на „Прогресивна Бугарија“, кога Колтуклиева се обидувала да ѝ постави прашање на претседателката на Народното собрание, Михаела Доцовa, отворајќи ја вратата на автомобилот. Наместо одговор, новинарката беше турната и падна на тротоарот. Доцовa ја посетила Колтуклиева во болница и изразила жалење за инцидентот, но новинарката подоцна изјави дека се сомнева во искреноста на извинувањето. „Таа почна да искажува жалење но всушност се оправдуваше дека кога излегувала од централата на „Прогресивна Бугарија“ била многу под стрес затоа што само мене ме видела надвор, и непрекинато повторуваше стрес, стрес. Јас и реков да замине, да си оди. Дека ништо од тоа што го кажува не е искрено, а се обидуваат да ме направат мене виновна, јас која сум жртва.“ Припадникот на обезбедувањето е приведен а случајот го презеде Военото обвинителство, додека се утврдуваат сите околности на инцидентот и одговорноста на службеникот. Доцова изјави дека обезбедувањето постапува според утврдени протоколи и дека таа не може да им наредува на припадниците како да постапуваат. „Претседателот на Народното собрание го обезбедува Националната служба за обезбедување, тие постапуваат по определени протоколи, верувајте ми јас не можам да определам и да им укажувам на колегите од Националната служба за обезбедување што да прават и како да прават. Јас, се разбира, ќе го доставам моето барање до Националната служба за обезбедување ги применат најстрогите можни мерки, целосно да го проверат тоа што се случи и да се применат најстрогите мерки.“ Бугарската претседателка Илијана Јотова го осуди постапувањето на припадникот на обезбедувањето како недозволиво и прекумерно, а најави дека ќе бара оставка од шефот на Националната служба за обезбедување, Емил Тонев. „Уште од синоќа започнаа проверките во Националната служба за обезбедување, ги чекам првите резултати и во секој момент извештај од началникот. Јас лично гледам пропусти и очекувам оставки. Ќе ја побарам оставката на началникот на Националната служба за обезбедување, Емил Тонев.“ Инцидентот се случува во чувствителен политички момент, непосредно пред претседателските избори во Бугарија, закажани за в недела на 25 октомври. Главни фаворити се актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од „Прогресивна Бугарија“ и Социјалистичката партија, проевропскиот кандидат Андреј Ѓуров, поддржан од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, и Костадин Костадинов од националистичката „Преродба“, со новинарот Петар Волгин како кандидат за потпретседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook