„Артемис II“стигна најдалеку од Земјата досега - Канал 5

„Артемис II“стигна најдалеку од Земјата досега

Поставен е нов рекорд – „Орион“ леталото на „Артемис II“ мисијата ја заобиколија Месечината и стигнаа најдалеку од Земјата досега.

„Артемис II“стигна најдалеку од Земјата досега

Поставен е нов рекорд – „Орион“ леталото на „Артемис II“ мисијата ја заобиколија Месечината и стигнаа најдалеку од Земјата досега.

Астронаутите од историската мисија отидоа на стигнаа на досега невидената темна страна на сателитот и се оддалечија од Земјата 406.771 километар. По повторното воспоставување контакт, се јавија директно од леталото, по што им следуваше громогласен аплауз.

Со екипажот разговараше и американскиот претседател, Доналд Трамп кој им честиташе на историското достигнување и ги покани во Овалната соба во Белата куќа. Дополнително, Трамп порача дека оваа мисија го отвара патот на Америка да се врати на површината на Месечината, но и подлабоко во космосот.

-Вашата мисија прави пат за враќање на Америка наскоро во лунарниот простор.Повторно ќе го поставиме нашето знаме на Месечината и овојпат нема да оставиме само отпечаток од стапало. Ќе воспоставиме трајно присуство на Месечината и ќе продолжиме кон Марс.-Доналд Трамп – Претседател на САД.

Астронаутите имаа чест и да дадат имиња на неколку кратери на Месечината кои во тој момент биле видливи со нивно око. Еден од нив, Рид Вајсман даде име на еден од кратерите по неговата почината сопруга.

Сепак, за кружењето вели дека било неверојатно и виделе глетки што не биле видени. Тие по вторпат сведочеа и на затемнување на Сонцето.

-Видовме ориентални глетки, глетки што човекот досега не ги видел претходно, дури ни за време на „Аполо“ мисиите и тоа за нас беше неверојатно. Изненадување беше кога излеговме од орбитата кадешто Месечината го затемни Сонцето и целата темна Месечина, ја видовме толку големата Месечина директно низ прозорецот. Можевме да ја видиме и сончевата кора.Рид Вајсман – Астронаут.

Астронаутот накратко го раскажа и искуството да се види темната страна на сателитот, како и прекинот на комуникација со Земјата за речиси еден час. Вели дека било неверојатно, но и дека морал да остане посветен на работата.

-Накратко се помолив, но морав да продолжам со работа. Всушност, снимав научни набљудувања на далечната страна на Месечината. Тоа беше моментот кога бевме најдалеку (од Земјата) и најблиску до Месечината.Бевме зафатени со напорна работа овде и морам да кажам дека беше навистина добро.-Виктор Гловер – Астронаут.

Мисијата „Артемис II“ е подготовка за мисиите „Артемис III“ и „Артемис IV“ кои би требало да се реализираат следните две години во кои ќе се направат последни подготовки и конечно повторно слетување на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како настанала „коњската сила“?

Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?

Како настанала „коњската сила“?

Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина.

За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак.

Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута.

Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута.

Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери.

Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе.

И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјата

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјата

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата.

Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината.

-Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски.

Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните.

Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер