„Арсеник и стара тантела“ нова претстава на Театар Комедија - Канал 5

„Арсеник и стара тантела“ нова претстава на Театар Комедија

Во Театар комедија вечер ќе се одржи претпремиерата на „Арсеник и стара тантела“ - претстава работена по текст од Џозеф Кеселринг, во режија и адаптација на Лидија Дедовиќ. 

„Арсеник и стара тантела“ нова претстава на Театар Комедија

Премиерата на оваа црна комедија е закажана за утревечер, а еден ден подоцна, на 21 декември ќе се одржи репризна изведба на претставата.

Како што соопштуваат од театарот, „Арсеник и стара тантела“ претставува крими црна комедија за изопаченоста и современото безумие, за прикривањето злосторства, за емпатијата како изговор за криминал, за љубовта…

Според сижето, навидум е сè нормално и општествено прифатливо во животот на сестрите Аби и Марта Брустер. Тие живеат заедно со нивниот возрасен внук Теди. Средината ги почитува и им е наклонета, заради нивната милосрдност и добродушност кон соседите. Освен тоа, тие се религиозни и богоугодни, и се радуваат на новиот свештеник во заедницата, особено затоа што неговата ќерка има романтичен однос со другиот внук, театарскиот критичар Мортимер. Но, оваа идилична слика, всушност има мрачна опачина. Сестрите Брустер имаат бизарно хоби – труење осамени луѓе (претежно мажи), Теди страда од делузија на идентитет и верува дека е претседателот Теодор Рузвелт, а добро чуваната тајна во семејството на лудаци се открива со појавата на третиот внук, Џонатан, за кого се знае многу малку до неговото враќање во домот.

-Овој комплекс од ликови и нивното заемно дејство, впрочем, формираат „театар во театар“ и тоа на неколку нивоа: преку идентитетската криза на Брустерови, преку класичната драмска постапка на препознавање и кулминира со метатеатралната сцена во која Мортимер ја исмева претставата што ја гледал, притоа антиципирајќи го тоа што ќе му се случи следно – речиси идентичен исход како на несреќниот лик од претставата, велат од Театар комедија.

„Арсеник и стара тантела“ од Џозеф Кеселринг првично била предвидена како сериозна пиеса, инспирирана од вистински настани, но потоа била преработена во фарсична црна комедија со макабристички елементи. Уште од првата изведба на Бродвеј во 1941 година станала хит, постигнувајќи неверојатен успех кај критиката и публиката, за што зборува податокот за одиграни 1.444 изведби. Пиесата добила и филмска адаптација во 1944 година, со Кери Грант во главната улога, инаку втората најголема филмска ѕвезда на сите времиња (по Хемфри Богарт) според Американскиот филмски институт.

Претпремиерата вечер, како и премиерата на 20 декември и репризната изведба на 21 декември ќе се играат на големата сцена на Театар комедија во терминот од 20 часот.

Преводот на комедијата од авторот Џозеф Кеселринг, е на Горан Додевски. Режијата и адаптацијата е на Лидија Дедовиќ, а асистент на режија е Жаклина Петровска. Соработник на драматургија е Благица Секулоска, а лекторка Зорица Манаскова Станковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони му врати на Трамп: Запамети, ни јас ниту Италија никого не молиме

Италијанската премиерка Џорџија Мелони го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека измислил приказна за неа откако тој рече дека таа го „молела“ за заедничка фотографија на самитот на Г7.

Мелони му врати на Трамп: Запамети, ни јас ниту Италија никого не молиме

Мелони рече дека е „згрозена“ од неговите коментари и тврдеше дека тие се „целосно измислени“. Во исто време, таа го обвини дека покажува многу поголема грижа кон противниците на Западот отколку кон неговите долгогодишни сојузници.

Последната вербална расправија означува нагло влошување на односите меѓу двајцата десничарски политичари, само неколку дена откако се појавија на самитот на Г7 за да ги стабилизираат претходно затегнатите односи, кои оваа година беа оптоварени со несогласувања околу војната во Иран.

Трамп: Ми беше жал, па се согласив

Снимките од средбата во Франција ги покажаа Мелони и Трамп во долг разговор, но американскиот претседател подоцна посочи дека само ѝ прави услуга што воопшто разговара со неа.

„Веројатно е среќна што разговарав со неа. Не морав да разговарам со неа“, рече Трамп во кратко интервју за италијанската телевизиска станица La7, откако самиот го праша новинарот за италијанската премиерка.

„Ме молеше да се фотографирам со неа. Толку многу сакаше да се фотографира со мене. Не би го направил тоа, но ми беше жал, па се согласив“, рече Трамп, според преводот на телевизијата La7. Телевизиската компанија не го објави оригиналниот аудио запис од разговорот, туку само синхронизираната верзија.

Единствениот европски лидер кој присуствуваше на неговата инаугурација минатата година

Мелони набрзо одговори. „Тврдењата на Доналд Трамп се целосно измислени. Искрено сум шокирана. Не знам зошто претседателот на Соединетите Американски Држави се однесува вака кон своите сојузници. На крајот на краиштата, ова не е прв пат“, рече таа.

Додаде дека е особено разочарана од начинот на кој Трамп им пристапува на противниците на Западот. „Можам само да кажам дека е разочарувачки што тој не покажува иста решителност кон непријателите на Западот и Соединетите Американски Држави, кон чии лидери, напротив, се однесува со многу поголема попустливост“, рече таа.

„Има едно нешто што треба да го запомните: ниту јас ниту Италија никогаш не молиме никого“, тврди таа. Мелони некогаш беше еден од најгласните европски сојузници на Трамп и единствениот европски лидер кој присуствуваше на неговата инаугурација во 2025 година.

Но, таа подоцна го критикуваше американскиот претседател откако тој го нападна папата Лав за неговата осуда на конфликтот со Иран. Со ова, таа се дистанцира од Трамп по избувнувањето на војната, што предизвика остра реакција од американскиот претседател. Трамп потоа ја обвини дека нема доволно храброст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поддршката за ЕУ расте паралелно со револтот од уцените на Брисел

Освен поддршката за членство во ЕУ, се зголемил и ентузијазмот кај граѓаните кои очекуваат влез во Унијата во наредните пет години, покажуваат наодите од Еврометарот.

Поддршката за ЕУ расте паралелно со револтот од уцените на Брисел

Расте поддршката за членство во Европската унија кај граѓаните, но во истовреме зголемен е и бројот на оние кои сметаат дека односнот на ЕУ кон државава е нефер, надмен и уценувачки – од Центарот за европски стратегии (Евротинк) посочуваат дека ова е парадокс во нивното спроведено истражување Еврометар. Освен поддршката за членство во ЕУ, се зголемил и ентузијазмот кај граѓаните кои очекуваат влез во Унијата во наредните пет години, покажуваат наодите од Еврометарот.

-Навистина, тоа се малку контрадикторни податоци, моето толкување на тоа е дека гледаме напредок на Црна Гора и Албанија, гледаме голем напредок на Украина и Молдавија и граѓаните сметаат дека ќе можеме некако да се „пробутаме„ во тој процес, покрај овие држави. // Може да се забележи дека има подобрена перцепција во однос на демократијата и во однос на тоа како се движат работите во државата, се уште преовладувачкото чувство е негативно. - Димитар Николовски, директор на Евротинк

Според наодите, поддршката за влез во ЕУ кај граѓаните потекнува од желбата за подобар животен стандард, додека пак, главната причина поради која тие одбиваат влез во ЕУ е стравот од губење на националниот идентитет. Вториот најчест одговор е дека „нема да се подобри ништо, а само ќе продолжат условите и барањата насочени кон државава„. Сепак, според Николовски, одговорите се разликуваат во однос на етникумот на испитаниците.

-Кај другите етнички заедници освен македонската има многу поголема поддршка за Европската унија, не би навлегувал во бројки меѓутоа дефинитивно и тие негативни ставови кои постојат кон процесот на ЕУ преовладуваат кај македонската етничка заедница. // Можам да истакнам дека кај младите особено постои еден поголем ентузијазам и поддршка за ЕУ отколку кај постарите.- Димитар Николовски, директор на Евротинк

Согласно анкетата, спроведена оваа година во мај и во април, телефонски на примерок од 1001 испитаник, за над 65% од анкетираните, ЕУ останува најдобра алтернатива додека пак 31,5% се на ставот дека Македонија треба да бара сопствен модел за развој надвор од ЕУ. Дополнително, Србија е оценета како убедливо најголем пријател на Македонија а веднаш зад неа е ставот дека државава нема пријатели. Соседна Бугарија пак, со преовладувачки процент е посочена како држава која претставува закана за Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ненадејно откажан почетокот на клучните преговори меѓу САД и Иран

Иако предвидени за денеска, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран во Швајцарија ненадејно се откажаа. 

Ненадејно откажан почетокот на клучните преговори меѓу САД и Иран

Разговорите кои беа најавени како нов дипломатски исчекор меѓу двете земји требаше да се фокусираат на меморандумот за разбирање потпишан од двете страни, а кој отвори рок од 60 дена за постигнување на траен договор, за иранската нуклеарна програма и отворањето на Ормускиот теснец. Според најавите, американската делегација требаше да ја предводи потпретседателот Венс, кој доцна синоќа од Вашингтон порача дека очекува разговорите сепак да се одржат викендов. За прв пат по потпишувањето на меморандумот, преку пишана изјава прочитана на иранската државна телевизија се огласи и Ајатолахот Моџтаба Хамнеи кој нагласи дека Техеран чека исполнување на договорените услови.

-Планирам да одам во Швајцарија не знам точно кога, мислевме дека овие технички преговори ќе започнат викендов. Тоа е сè уште планот, но тоа може да се промени затоа што Иран не е земја од која може лесно да се излезе и затоа, се обидуваме да откриеме точно кога тоа ќе се случи. Претпоставувам дека овој викенд (би имало средба), но не сум сигурен. - Џеј Ди Венс – Потпретседател на САД

-Ако американската страна сака да прави претерани барања, ние нема да бидеме оптоварени со меморандумот. Од овој момент ние чекаме исполнување на договорените услови. Очигледно е дека директните преговори што ќе бидат одржани во иднина нема да значат дека го прифаќаме мислењето на непријателот.- Моџтаба Хамнеи – Ајатолах

Меморандумот предвидува сеопфатен прекин на непријателствата во регионот, вклучително и во Либан, но не содржи експлицитна одредба за повлекување на израелската армија. Израелскиот премиер Нетанјаху повтори дека целта е создавање на безбедносна зона во Либан, додека официјален Вашингон повика да се почитува мировниот процес.

-Израелците, исто како и сите други, мора да го почитуваат овој мировен процес кој е фундаментално добар за нив и за целиот регион. Она што претседателот понекогаш го фрустрира е тоа што се чини дека сме на прагот на голем пробив за постигнување на договор, а потоа одеднаш се случува некоја голема експлозија во Бејрут и многу луѓе кои немаат никаква врска со Хезболах ги губат животите. Тоа не е прифатливо.- Џеј Ди Венс – Потпретседател на САД

-Ќе ја вратиме безбедноста и просперитетот кај заедниците на северот. За тоа е потребно да одржуваме безбедносна зона во јужен Либан. За таа цел поребно е да не си заминеме од таму се додека безбедносна на Израел го бара тоа.- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел

Дека постигнувањето на конечен договор се уште е неизвесно, смета и францускиот претседате Макрон.

-Кој победи во оваа војна, господине претседателе? Не мислам дека можеме да кажеме дека војната е целосно завршена. Со години знаеме за оваа ситуација. Никој не сака Иран да се здобие со нуклеарна бомба, најмалку Франција.- Емануел Макрон – Претседател на Франција

Документот кој пред два дена го потпишаа Трамп и Пезешкјан покрај итен прекин на непријателствата,предвидува и укинување на поморските блокади, пристап на Иран до светските пазари, ослободување на замрзнатите средства и 300 милијарди долари за обнова на Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер