„Apple“ конечно продава делови за „iPhone 16“ - Канал 5

„Apple“ конечно продава делови за „iPhone 16“

Сервисните делови може да се најдат преку продавницата за самостојно сервисирање и поправка на компанијата.

„Apple“ конечно продава делови за „iPhone 16“

„Apple“, кој ги претстави своите нови модели на „iPhone“ во септември, прави напори да им овозможи на корисниците сами да ги сервисираат своите уреди. „Apple“ направи достапни делови и алатки за „iPhone 16“, вклучувајќи ги моделите „Plus“, „Pro“ и „Pro Max“.

Оние кои имаат модел на „iPhone 16“ кој се однесува чудно, можат да одат во продавницата за самостојно сервисирање и поправки на „Apple“ и да најдат што им треба за да го поправат.

Можно е да се избере задно стакло, батерија, камера, горниот звучник, „TrueDepth“ камера, слот за „SIM“ и друго.

„Apple iPhone 16“ би требало да биде полесен за поправка од неговиот претходник, со тоа што „iFixit“ му дава оценка за сервисирање 7/10 (во споредба со 4/10 за „iPhone 15“).

Можно е да се набават пакети со алатки или само потребните делови, а цените варираат во зависност од моделот на телефонот.

За оние кои избираат сами да го поправаат, „Apple“ нуди и водичи кои ќе помогнат во ова. Ако не сте сигурни, најдобро е сервисирањето да го оставите на експерт.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер