3Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
Технологија„Apple“ им објавува војна на операторите: Оваа опција ќе ве спаси„Apple“ воведе нова функција за приватност што им овозможува на корисниците драстично да ја ограничат точноста на податоците за локација што ги споделуваат со мобилните оператори.Технолошкиот гигант со седиште во Купертино направи нов чекор кога станува збор за зголемување на безбедноста на корисниците. Новата опција, наречена „Limit Precise Location“ (Ограничи прецизна локација), им овозможува на сопствениците на „iPhone“ и „iPad“ да ја сокријат својата точна локација од мобилните оператори. Досега, операторите можеа прецизно да утврдат каде се наоѓате користејќи податоци од мобилните кули. Со новата опција, која доаѓа со „iOS 26.3“, операторот ќе види само приближна локација. На пример, тие ќе знаат во која населба се наоѓате, но не и во која улица или зграда. Важно е да се нагласат две работи: Итни служби: Оваа опција автоматски се исклучува ако се јавите на 911, што им олеснува на спасувачите да ве пронајдат. Вашите апликации: Ова не влијае на „Google Maps“, „Instagram“ или функцијата „Find My“. Сè уште можете да им дозволите (или одбиете) прецизна локација без оглед на операторот. Иако „Apple“ официјално молчи за своите мотиви, аналитичарите од индустријата посочуваат на огромните казни што операторите ги платија во минатото за продажба на податоци за движење на корисниците. За потсетување, американската „FCC“ ги казни водечките оператори со речиси 200 милиони долари токму за злоупотреба на овие информации. Засега, листата на уреди и мрежи е донекаде ограничена. Функцијата е достапна за „iPhone Air“ и „iPhone 16e“, како и за „iPad Pro (M5)“ (модели Wi-Fi + Cellular). Исто така, потребно е самиот мобилен оператор да ја поддржи оваа технологија. Засега, листата ги вклучува големите глобални играчи како што се „German Telekom“ и „British EE“, додека се очекува листата да расте со идните ажурирања. Доколку имате поддржан уред и соодветна верзија на софтвер, можете да ја најдете опцијата во: Settings > Cellular > Cellular Data Options > Limit Precise Location. Откако ќе ја активирате фунцкијата, телефонот веројатно ќе побара рестартирање за да се применат новите правила за комуникација со базните станици.Тагови: функција мобилни оператори локација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат новите приливи.Во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа. Потсетуваме дека и физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Оваа можност се однесува на новите приливи врз сите основи, вклучувајќи ги и новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми коишто имаат сметки во други банки и даватели на платежни услуги. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење електронско или мобилно банкарство, користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката. Продолжуваат со работа филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“, каде што клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби. Клиентите можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство, при што важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен БалканПретседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ. Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание. Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часотНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот. Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter