Антиќ: Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите - Канал 5

Антиќ: Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите

Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите и спортските работници, вели првиот човек на КФМ.

 Антиќ: Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите

Во интервјуто за МИА првиот човек на Кошаркарската федерација одговара на повеќе прашања поврзани со актуелните проблеми, настапот на нашите репрезентативни селекции во квалификациите за Европското првенство и Светскиот куп, состојбата со клупската кошарка, но одговара и на озборувањата и шпекулациите дека се подготвува смена на ракoводството на КФСМ, кои ги отфрла како дрска игра на политичките профитери.

Машката и женската кошаркарска репрезентација веќе одработија дел од квалификациите за Светскиот куп, односно Европското првенство во 2023 година. Што може да очекуваат љубителите на кошарката во годината пред нас?

Можам да кажам дека од наша страна продолжуваме со комплетната поддршка на сите репрезентативни нивоа како што го правевме во изминатите години. Главен акцент, ако може така да се каже, ставаме на двете сениорски селекции. Зад нас се оние ноемвриски „прозорци“ во кои имавме навистина сериозен предизвик пред нас. Особено гостувањето на актуелниот светски шампион, селекцијата на Шпанија, во Скопје. Организациски максимално одговоривме на сите строги барања кои пред нас ги постави Светската кошаркарска организација. Резултатски, можеби не, но како што и напомена селекторот Драган Бајиќ, наша првенствена цел во овој квалификациски циклус е да пробаме да „направиме“ играчи кои ќе ја „носат“ најдобрата селекција во иднина. А таков пример, и тоа одличен, имаме со настапот на Теодор Симиќ. Имавме добар настап и во Киев, против Украина игравме добро цели 35 минути и само недостигот на концентрација нè чинеше пораз.

Колку раководството на Федерацијата е подготвено за овие значајни мечеви на македонската кошарка?

Не би сакал да дискутираме за подготвеност од причина што тоа се подразбира кога станува збор за една сериозна национална федерација која треба да продолжи со континуитет на добра работа во секој поглед. Реков, имаме сериозни предизвици пред нас, особено во тој репрезентативен сегмент. Не треба да се заборави дека како производ на нашата одлична работа во овие две-три години и ова лето ќе бидеме во улога на организатори на две европски младински првенства. Едното од нив е на највисокото кадетско ниво во Европа. Значи, нема време за одмор, подготовките за тие настани се веќе започнати. Сакаме да испратиме уште една порака дека нашата федерација и знае и умее.

Може ли преку овие квалификации да се очекува исчекор напред кога станува збор за нашите репрезентативни селекции?

Нашите желби се истото да го направат и девојките кои пак имаат нешто поголема пауза во оваа 2022 година. Евро-квалификациите ќе ги продолжат дури во ноември, со надеж дека конечно добрите игри во изминатиот период ќе ги наградат со еден триумф против силни селекции како Белгија, Германија и БиХ. Барем засега, за нас е особено важно што оваа наша селекција направи и голем скок на ранг листата на ФИБА. Сега сме на 37 позиција, четири погоре во однос на претходното рангирање и тука очекуваме уште поголем прогрес. Нема преголемо оптоварување кога станува збор за сениорите. Околу очекувањата, во февруари имаме двомеч со Грузија. Очекуваме да дојдеме до првата победа во светските квалификации. Тешко дојдовме до една ваква, историска прилика, да бркаме пласман на Светскиот куп, нешто за што, барем досега беше мислена именка. Реално, шанси постојат, на нашите најдобри кошаркари е да се обидат и да ги искористат во дуелите кои следуваат.

Што се случи со идејата за формирање на регионална лига? Дали со формирањето на ваква лига ќе се подобри квалитетот на кошарката?

Регионални лиги постојат и сега. Неколку наши екипи во двете конкуренции се веќе дел од нив. Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром играат во АБА 2, Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 се дел од „WABA-лигата“. Имаме уште три екипи, Навико Академија ФМП, Куманово 2009 и ТФТ кои се натпреваруваат во Балканската лига. И тоа во голема мерка го намалува оној „простор за маневар“ за тргнување во еден нов проект кој ни беше предложен пред извесно време. Но, мора да се земе во предвид дека и актуелната здравствена ситуација, која ја диктира вирусот Ковид-19, дополнително „делува“ во тие обиди да се дојде до некој почетен проект кој подоцна и би добил своја реализација.

Може ли да се очекува и активирање на проектот „Junior NBA“?

И тука сериозен проблем е пандемијата, која реално не дава можност за максимално развивање на сите планирани идеи кои доаѓаат од наша страна. И сега ситуацијата е далеку од идеална да се „пуштиме“ во реализација на долгорочни и сериозни проекти каков што е овој поврзан со НБА-лигата. Но, далеку од тоа дека ќе се откажеме од планираните активности во таа насока, туку напротив.

Како ја оценувате состојбата во македонската клупска кошарка и што е преземено околу подобрување на квалитетот?

Ковид-19 е нашиот проблем со кој дополнително се бориме во изминатиот период. Но, ние како федерација се приспособивме на дадените услови на функционирање. Одработен е голем дел од задачите кои беа пред нас. Успешно завршивме еден шампионат, уште подобро е отворен новиот. Имаме квалитетно првенство, во кое, на пример, лидер не е актуелниот шампион туку една друга екипа која само ги потврди претходно најавените амбиции. Истото се однесува и за оној женски сегмент. Евидентно е дека настапите во „WABA-лигата“ донесоа уште подобри моменти за двата наши претставници во тие силни натпреварувања.

Како го гледате развојот на македонската кошарка?

Промената во Регистрациониот правилник со кој се дозволува настап на странски играчи, придонесе за уште поголем квалитет во женската елитна лига, кој се прошири и во другите клубови, што дефинитивно е ветувачки момент во женската клупска кошарка. Сакаме, освен Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 да имаме и други клубови кои ќе се вклучат во системот кој ќе треба да произведе и други кои во иднина ќе го следат нивниот пример и ќе се обидат и надвор од границите на нашата земја. За таа цел направивме и една голема измена во системот за натпреварување, односно освен осумте најдобри од минатата сезона, кои се дел од групата „А“, имаме и уште девет други клубови кои ја зголемуваат конкуренцијата, а во исто време имаат шанса преку натпреварите во групата „Б“ да преминат во најквалитетното натпреварување. Нашите првични процени беа дека треба да ја намалиме бројката на екипи кои се дел од Втората лига. Од квантитет сакаме квалитет и засега тоа се покажува како полн погодок. Имаме, пред се, доста поизедначено натпреварување во овој втор ранг. А тоа што особено нè радува сите нас е повторното функционирање на Третата лига-мажи. Натпреварување во кое се вклучени 15 екипи, поделени во две натпреварувачки групи, во кое им се дава уште поголем простор на младите кошаркари, особено битен момент во нивниот кошаркарски развој. Не смее да се заборави и тоа дека во изминатиот период уште поголемо внимание посветивме во сегментот „3х3“. Бевме коорганизатори и покровители на сите големи турнири реализирани во 2021 година. Во оваа година продолжуваме со уште посилно темпо. Во плановите е формирање и на репрезентации во „3х3“ и уште поголемо зголемување на рејтингот кој го имаме во ФИБА во овој дел од кошарката.

Каква е состојбата во младинските категории, има ли потенцијал македонскиот баскет да создаде нови славни имиња кои ќе тргнат по вашата патека и на сите други големи имиња на македонската кошарка?

Македонија имала и ќе има потенцијал кој треба да се искористи, насочи во вистинската насока. Факт е дека се соочивме со проблем кој го прави неповолната здравствена ситуација не само кај нас, туку во целиот свет и која за жал се уште не е стабилизирана. Во такви „услови“ и функциониравме во изминатиот временски период. Сепак, успеавме да ги промовираме шампионите во сите возрасни категории од младинските лиги во двете конкуренции. Со мало чекање, токму поради пандемијата, ја стартувавме и новата сезона во сите нивоа на натпреварување. На мое огромно задоволство без ниту еден посериозен проблем. Планираме така да продолжиме и во новата календарска кошаркарска година. Промовиравме и некои нови млади играчи на кои стручниот тим на нашата најдобра селекција ќе смета и во деновите кои се пред нас. Впрочем тоа е и нашата основна цел, да „правиме“ играчи за сениорската селекција.

Колку има вистина во озборувањата дека се подготвува смена на раководството на Федерацијата и доколку е точно кој стои зад тоа?

Секое мешање на одредени политички структури во спортот, посебно во кошарката, е однапред осудено на пропаст. Имено, овие структури сакаат преку овие озборувања да наметнат дека нешто не е во ред со работата на КФМ и дека тие се најдоброто решение, иако и во изминатиот период имаа време и шанса да покажат што знаат и умеат. На сите им порачувам да ги држат рацете подалеку од спортот и кошарката, бидејќи тие се на спортистите, а не на политичките профитери кои преку дворски игри и лажни ветувања сакаат да креираат нереална слика и да ја користат Федерацијата за други цели. Изминатиот период и до нас дојдоа одредени информации кои укажуваат на тоа дека одредени градоначалници ја злоупотребуваат нивната власт и им се закануваат и ги уценуваат клубовите. Тоа е нечесно, дрско и на никој не му помага такво шерифско однесување. Тие не смеат да ја водат политичката борба преку кошарката, туку таму каде е местото за тоа. Сите се добредојдени како гледачи, поддржувачи, помагатели и со добронамерни критики. Ова раководство на Федерацијата од нив не сака ништо повеќе од тоа. Најдобронамерно ги предупредувам еднаш засекогаш сите да сфатат дека спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите и спортските работници. Нивно е да се грижат за тоа што се платени-да обезбедуваат подобри услови за сите спортови, спортска инфраструктура и обезбедување поголема помош за спортот на секој план. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Санчез под истрага пред изборите во Шпанија

Централната изборна комисија на Шпанија (ЦЕК) покрена дисциплинска постапка против премиерот Педро Санчез, потврди парламентарната прес-служба. 

Санчез под истрага пред изборите во Шпанија

Постапката се однесува на прес-конференцијата на премиерот одржана на 6 октомври по состанокот на кабинетот, каде што тој го објави новиот закон за домување, пишува Ројтерс.

Комисијата побара спорните изјави да бидат отстранети од официјалните владини канали и му наложи на премиерот да се воздржи од слични изјави за време на изборната кампања. Постапката следеше по приговорите на опозициската Народна партија (ПП), која тврди дека Санчез користел службени простории и владини ресурси за испраќање предизборни пораки.

Одлуката на комисијата доаѓа пред предвремените избори во Шпанија, кои Санчез ги свика на 29 ноември откако неговите предлози за домување не добија поддршка во парламентот. Акциите на изборната комисија редовно отвораат дебата за неутралноста на државните институции за време на кампањата.

Оваа тема е честа причина за политички конфликти, дури и кога случаите завршуваат само со административни казни. Како по правило, приговорите се поврзани со тоа дали функционерите на власт ги користат своите позиции, јавни ресурси или официјални настани за публицитет откако изборите веќе се распишани.

Претходни казни

ЈЕК веќе го казни Санчез во јануари 2020 година. Потоа тој мораше да плати 500 евра за телевизиско интервју кое беше објавено на официјалната веб-страница на владата. Во октомври 2023 година, тој беше казнет и со 2.200 евра. Тој беше санкциониран за прес-конференција во Брисел за време на изборната кампања на 23 јули, бидејќи комисијата утврди дека неправилно ги истакнал достигнувањата на својата влада и ги критикувал политичките противници.

Слична казна од 2.200 евра му беше изречена во 2023 година на Карлос Фернандез Кариед, портпарол на регионалната влада од Народната партија. Тој беше казнет за изјавите што ги даде на прес-конференцијата по состанокот на кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина позната инфлуенсерка, висока 2,18 метри- пред неколку месеци доби син (ФОТО)

Кинеската инфлуенсерка Јанг Мује, позната на социјалните мрежи како Сјаојуе, почина во раните утрински часови во саботата, 10 октомври, откако ѝ беа дијагностицирани низа сериозни здравствени проблеми.

Почина позната инфлуенсерка, висока 2,18 метри- пред неколку месеци доби син (ФОТО)

Таа имаше 26 години, а зад себе остави скршен партнер и син кој немаше ни една година, објави Сан.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиното момче Зихао, кое рече дека таа починала во нивниот дом во градот Неиџијанг, во кинеската покраина Сечуан. Двојката го привлече вниманието на јавноста поради големата разлика во висината - Сјаојуе беше висока околу 2,18 метри, додека нејзиниот партнер беше висок околу 1,68 метри.

Двајцата споделуваат моменти од нивниот заеднички живот на социјалните мрежи во последните четири години, а многумина ги нарекоа еден од најслатките парови со голема разлика во висината поради нивната необична врска. Јанг имаше околу 84.000 следбеници, додека Зихао собра речиси 140.000 луѓе кои ги следеа нивните објави.

Лекарите открија неколку сериозни здравствени проблеми

Среќата на младиот пар беше прекината од лоши вести откако лекарите открија дека Јанг има тумор на хипофизата, менингиом, секундарен дијабетес и откажување на бубрезите. Туморот на хипофизата е поврзан со нејзината необична висина, според извештајот.

Нејзината здравствена состојба беше дополнително комплицирана од многу високо ниво на шеќер во крвта, кое достигна вредности помеѓу 20 и 33 mmol/L. Поради ова, лекарите мораа да ја одложат операцијата додека не се стабилизира нејзината состојба.

Зихао веруваше дека неговата партнерка ќе може да се опорави по процедурата за која тој сметаше дека е релативно едноставна.

- Никогаш не замислував дека оваа болест може да одземе нечиј живот. Лекарот ми рече дека состојбата е многу, многу блага и дека станува збор за минимално инвазивна операција за отстранување на туморот од нејзината глава. „Мислев дека можеме да ја оперираме штом шеќерот во крвта ѝ се намали“, рече скршената од срце Зихао.

Откако ја дознаа дијагнозата, тие решија да ја вратат инфлуенсерката назад на село на одмор додека нивото на шеќер не ѝ се стави под контрола. Сепак, нејзината состојба брзо се влоши и таа почина пред операцијата да може да се изврши.

Партнерот се збогува со срцепарателни зборови

Веста за нејзината ненадејна смрт ги шокираше многуте следбеници кои ја следеа нивната врска и споделуваа моменти со години. Пријателите на инфлуенсерката ја опишаа како нежна и весела личност која не дозволи злонамерните коментари за нејзиниот изглед да ја повредат.

По нејзината смрт, Зихао објави проштална порака во која потврди дека погребот ќе биде организиран во приватен круг. Семејството одлучи да не организира комеморација, почитувајќи ја нејзината желба за едноставно збогување.

Во нејзиното последно збогување, нејзиниот партнер напиша: „Нека нема повеќе болка во рајот“.

Локален погребален дом потврди дека 26-годишна жена со исто презиме како инфлуенсерката е кремирана истиот ден. Локалните власти, исто така, потврдија дека е издадена смртоносна потврда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешки преговори за состав на новата влада на Шведска- одбиена е шефицата на социјалдемократите

Шведскиот парламент, како што се очекуваше, го отфрли обидот на лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон да формира малцинска влада, продолжувајќи го периодот на неизвесност .

Тешки преговори за состав на новата влада на Шведска- одбиена е шефицата на социјалдемократите

Шведскиот парламент, како што се очекуваше, го отфрли обидот на лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон да формира малцинска влада, продолжувајќи го периодот на неизвесност околу тоа кој ќе стане премиер по општите избори минатиот месец.

Четири опозициски партии од центарот на левиот регион, од кои сите изразија поддршка за Андерсон како премиер, освоија мнозинство места во шведскиот парламент, Риксдаг, на 13 септември, но не можат да се договорат кој треба да ја формира новата влада.

Опозицијата освои 176 пратенички места во септември, во споредба со 173 места за десничарскиот блок на премиерот Улф Кристерсон. Гласањето во четврток беше прво од четири круга гласање, по што, доколку не се формира влада, ќе треба да се распишат нови избори.

Тешки преговори

„Уште од изборната ноќ ми беше јасно дека ќе биде потребно време и веројатно неколку круга гласање за да се назначи премиер“, изјави Андерсон пред новинарите по гласањето во парламентот на Шведска.

Само социјалдемократите гласаа за Андерсон, додека другите партии гласаа против.

Се очекува претседателот на парламентот да му го довери на Кристерсон од Умерената партија - втората најголема партија по Социјалдемократите - следниот мандат за обид за формирање влада.

Засега нема индикации дека Кристерсон би можел да обезбеди мнозинство, па задачата за формирање влада во подоцнежна фаза повторно би можела да падне на Андерсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер