СДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!
1СДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!
Култура„Ана Каренина“-сензационална романтична трагедија на „Охридско лето“ Толстоевата херона Ана Каренина од истоимениот роман, вчеравечер беше поставена на фестивалот „Охридско лето“ преку претставата на Театарот „Ujvideki Szinhaz” од Нови Сад, Србија, а во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Две и полчасовната игра на сцената ја долови страсната и несреќна љубов помеѓу Ана Каренина и Алексеј Вронски, проблемите во бракот и семејниот живот, и воопшто општествено-економските односи во Русија во 19 век. -Нашата Ана Каренина е една жена – всушност, не е важно дали е жена или маж – човек кој сака да биде среќен. Преку нејзиниот лик отвораме многу врати и се занимаваме со тоа што всушност значи љубовта, колку човекот е подготвен да се жртвува, колку е подготвен да се надмине себеси, своите стравови, за да ја пронајде смислата на своето постоење. Во оваа смисла, Ана Каренина во нашата претстава е сложен систем; и таа, но и сите други ликови – Каренин, Вронски, Левин, Кити – имаат своја приказна, борба. Така, оваа претстава покажува дека црното никогаш не е целосно црно, белото никогаш не е целосно бело, дека всушност има многу нијанси внатре и дека тоа е всушност нашиот живот, вели режисерот Дејан Пројковски. Ликот на Ана Каренина го играше актерката Береш Марта која на сцената во Ценатрот за култура „Григор Прличев“ покажа одлична актерска игра. -Никогаш не сум имала желба да играм мрачни ликови, но Ана Каренина беше нешто со што се сретнав уште во средношколските денови. Кога ја читав лектирата во гимназија, ја читав одново и одново. Секогаш беше покрај мојот кревет и толку многу ме маѓепса со својата слоевитост и вистинитост. Долгиот пат на мојата љубов кон оваа книга дојде и до изведба на ликот на Ана. Значи овој материјал во мене живее од мојата 17-та година. Сега имам 40 години, но и чувство дека на оваа улога работам повеќе од 20 години, вели Береш Марта. Соработката со режисерот Пројковски доведе и до тоа, актерот Арпад Месарош исто така да посака да го игра ликот на Алексеј Вронски. -До 2019 година кога започнавме да го работиме овој проект, немав желба да го играм ликот на Вронски зашто кога и да го видев на филм или на некоја друга претстава, ми изгледаше убавец кој е здодевен на некој начин. Потоа режисерот Пројковски беше за тоа да направиме малку поекстремен и поексцентричен лик. Одевме во крајности. Да, тој е таков каков што е напишан, но какви работи прави тој и на каков начин, до кои крајности оди во чувствата. Токму во таа насока го базиравме ликот на Вронски и така тој ми стана многу интересен . Дополнително и со партнерката на сцена многу добро соработувавме, вели Месарош. Претставата „Ана Каренина“ во изведба на новосадските актери досега има добиено триесеттина награди на театарските фестивали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПознато е колку Том Холанд би можел да заработи на новиот СпајдерменТом Холанд би можел да заработи помеѓу 20 и 25 милиони долари за својата улога во филмот "Spider-Man: Brand New Day" .Оваа сума ја вклучува основниот хонорар и бонусите поврзани со заработката од бокс-офисот. Новиот акционен хит во режија на Дестин Даниел Кретон веќе го сруши американскиот рекорд на филмот „Avengers: Endgame“ за заработка во текот на првиот викенд од објавувањето, пишува „The Hollywood Reporter“. Патот на Холанд до мултимилионски хонорар Кога актерот се приклучи на кинематографскиот универзум на Марвел во „Captain America: Civil War“ во 2016 година, тој заработи околу 250.000 долари, според „CheatSheet“. После тоа, неговиот хонорар брзо растеше. За „Spider-Man: Homecoming“ во 2017 година, тој доби 1,5 милиони долари, од кои 500.000 долари беа фиксен хонорар, а остатокот беа бонуси. Две години подоцна, тој заработи 4 милиони долари за „Far From Home“, додека се проценува дека добил околу 10 милиони долари за „No Way Home“ од 2021 година. Филмот веќе надмина 1 милијарда долари приходи „THR“ вчера објави дека „Brand New Day“ веќе надмина 1 милијарда долари приходи во кината ширум светот. „Sony Pictures“ потврди дека филмот, во кој глумат и Зендаја и Сејди Синк, заработил 1,05 милијарди долари за само шест дена од објавувањето. Ова го прави само втор филм во историјата што го сторил тоа за толку краток временски период. Филмот „Avengers: Endgame“ заработил 1,2 милијарди долари ширум светот во својот прв викенд во април 2019 година. „Sony“ истакнува дека новиот „Спајдермен“ го срушил американскиот рекорд на „Endgame“, кој изнесувал 357,1 милиони долари. Сепак, „Endgame“ сè уште го држи светскиот рекорд за заработка во првиот викенд, со 1,2 милијарди долари, додека „Brand New Day“ заработил 932 милиони долари во истиот период. Извор: Индекс.хрТагови: Спајдермен Том Холанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!Во Ново Село денеска мирни млади социјалдемократи го пречекаа Христијан Мицкоски со едноставна порака, Гостивар се труе, вие сте виновни.Мирно. Културно. Без насилство. Одговорот на организираната криминална група беше класичен: пратија околу десетмина да им се закануваат, да ги нападнат и да ги замолчат. Меѓу нив и шофер на градоначалникот на Ново Село, Наско Димитриев. Вчера поднесуваа кривични пријави за навреда. Денеска праќаат насилници. Ова е нивото на власт што ја води Мицкоски. Кога нема аргументи - праќаат луѓе да тепаат. Кога нема резултати - шират страв. Кога народот прашува за труењето во Гостивар - тие напаѓаат млади. Мицкоски ја загуби контролата. Се плаши од вистината. Се плаши од народот. Се плаши од младите. Затоа што младите не се купуваат со лаги. Не се плашат од закани. И не молчат додека цела Македонија се труе. СДСМ бара од МВР веднаш да ги идентификува и уапси сите учесници во нападот. Сите до еден. Без селективност. Без заштита. А на младите социјалдемократи им порачуваме јасно: Не сте сами! Нема да ве замолчат. Борбата против насилството и криминалната власт продолжува. Народот е буден. И стравот веќе не е на нивна страна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТигрицата Умит се врати во дивината, нова надеж за загрозен вид (ВИДЕО)Тигар е пуштен во дивината. Само по себе, ова можеби не би била толку возбудлива вест ако не беше фактот дека станува збор за женка од загрозениот Амурски тигар која е вратена во дивината на Казахстан.Животното, по име Умит (Надеж), е пуштено во природниот резерват Иле-Балхаш во регионот Алмати, каде што луѓето целосно ги истребија овие прекрасни предатори пред неколку децении. Резерватот е основан со една цел - да стане дом за овие големи животни. Уникатниот проект за враќање на тигрите во нивното историско живеалиште го води Министерството за екологија на Казахстан во соработка со рускиот Центар за Амурски тигри. Тигрицата Умит е втората женка што пристигна во областа. Првата беше пуштена пред две години откако пристигна од Холандија. Таа пристигна во резерватот со мажјак, а парот е сè уште во голем ограден простор и сè уште не е целосно слободен во природа. Умит, сепак, е поинаква приказна. Таа пристигна од територијата Хабаровск на рускиот Далечен Исток. Таа беше придружувана од мажјак по име Амур, како и две младенчиња - Туран и Усури. Сите тие се дел од популацијата на амурски тигри од Русија и беа веднаш ослободени. Kazakhstan has released an #Amurtiger into the wild for the first time in more than 70 years. The female tiger, Ümit, was released in the Ile-Balkhash State Nature Reserve as part of a long-term program to restore the species to its historic habitat. pic.twitter.com/BUi8Pbtxqr — The Astana Times (@TheAstanaTimes) August 3, 2026 Амурскиот тигар, познат и како сибирски тигар, е најголемиот предатор мачка во светот. Возрасните мажјаци можат да тежат повеќе од 300 килограми и да достигнат должина од речиси три метри. Овој исклучително издржлив предатор може да преживее температури и до минус 40 степени Целзиусови благодарение на густото крзно и дебелиот слој маснотии на стомакот. Во текот на изминатиот век, луѓето речиси целосно го истребија овој вид во дивината поради ловокрадство и уништување на шумите. Затоа, секој нов тигар пуштен во дивината е голем чекор кон опстанокот на едно од најзагрозените животни на планетата. Целта на еден голем проект во Казахстан е да се создаде самоодржлива популација од 100 до 120 тигри во текот на следната деценија. Извор: Б92Тагови: тигар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook