3Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено
Шоу биз„Американски медиуми“: Хари и Меган преговараат за враќање во ЛондонБританскиот принц Хари и Меган Маркл тајно контактирале со неговиот брат, принцот Вилијам, заради разговор за можноста да се вратат во кралското семејство. Британскиот принц Хари и Меган Маркл тајно контактирале со неговиот брат, принцот Вилијам, заради разговор за можноста да се вратат во кралското семејство, вели неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch), додавајќи дека британско-американската двојка би го сакала тоа. Хари (38) и Меган имаа големи соништа да го освојат Холивуд кога се откажаа од нивните кралски должности на почетокот на 2020 година кога се сместија во својот дом во Лос Анџелес, САД. А пак, денес, поранешната американска глумица смета дека враќањето во кралските дворци може да биде спас за кариерата. „Тоа би можело да ѝ помогне на неа и на Хари да продолжат со својата работа информирајќи ги другите за тоа како да го направат овој свет подобар. Уште една предност е тоа што таа мисли дека би било прекрасно нејзините деца да имаат англиски нагласок“, според анонимниот пријател. Во јуни, „Спотифај“ го прекина својот договор вреден 20 милиони долари со продуцентската куќа на парот, „Арчевел аудио“. А, и нивниот договор од 100 милиони долари со Нетфликс „се држи на конци“, според западните медиуми - делумно поради тековниот штрајк на филмските работници. „Откажувањето на 'Спотифај' беше доволно лошо. Сега кога и нивниот договор со Нетфликс е загрозен, Хари и Меган се плашат за нивните финансии“, вели изворот. Факт е дека ѕвездите „минаа покрај нив“. Војвотката и војводата од Сасекс не се воопшто популарни во САД, така што пред извесно време, на пр., биле исмејувани за скоро катастрофалната двочасовна бркотница со автомобил со папараците по настан во Њујорк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролетВо вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, финансирањето на брзата пруга и очекуваниот почеток на градежните работи на овој значаен инфраструктурен проект. „После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите шест студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет“, рече Николоски. Одговарајќи на прашањето дали промената на премиерот во Обединетото Кралство може да влијае врз динамиката на реализација на проектот, Николоски нагласи дека станува збор за стратешко партнерство со држава чија политика во оваа област не зависи од промените на владата. „Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада“, посочи Николоски. Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаМицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отворањето на трговски комплекс „Триангла“ во општината Гази Баба. Денес присуствував на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба. Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можности за отворање на околу 250 нови работни места. Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата. Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење! , објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовременоМакедонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници се одвива одлично.Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 каде што говореше за напредокот на најголемите инфраструктурни проекти во земјава и ги откри роковите за нивно завршување. За автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба започна пред неколку дена, Николоски истакна дека станува збор за технички сложен проект, а како обезбедување дека рокот на изграбда ќе биде испочитуван, обезбедени се високи банкарски гаранции од изведувачите. "Во однос на Кичево-Букојчани, има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга делницата. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван", посочи вицепремиерот. Заменик претседателот на Владата зборуваше и за автопатските делници кои ги гради конзорциумот "Бехтел и Енка", каде динамиката на работите се одвива според планираното. "На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат, на Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година. Уште подобра динамика имаме на Прилеп-Битола, каде од 40км колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го имаме на средина на следната година, околу 12 км, втора половина следната година ќе имаме уште едно отварање и 2028 ќе го завршиме цел", истакна Николоски. Во однос на планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски откри дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите за овој регион на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива. Тој додаде дека изградбата на автопатот од Скопје до Блаце, се очекува да биде завршен до 2030 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook