„Алкалоид“ по 11. пат организира хуманитарен настан, собрани над 1,8 милиони денари - Канал 5

„Алкалоид“ по 11. пат организира хуманитарен настан, собрани над 1,8 милиони денари

Алкалоид по 11 пат организира хуманитарен настан, а оваа година  компанијата покажа општествена одговорност и фондацијата Трајче Мукаетов донираше за Црвениот Крст.

„Алкалоид“ по 11. пат организира хуманитарен настан, собрани над 1,8 милиони денари

Повеќе од 1,8 милиони денари во Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа вработените во „Алкалоид“ АД Скопје, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, за што добија специјално дизајнирана маичка. Компанијата средствата ги донира на Црвениот крст на Град Скопје.

Ова денеска го истакна генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов на 11-тиот по ред хуманитарен пикник, што го организира оваа фармацевтска компанија.

- Денеска по 11-ти пат се собираме, вработените во компанијата Алкалоид, членовите на нивните семејства и пријателите, заедно да реализираме хуманитарна акција и активност, да покажеме хуманитарен гест. Преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ се собраа над 1,8 милиони денари кои денеска сакаме да ги донираме за Црвениот крст, врзано за социјалните активности кои оваа организација ги има за луѓето во трето доба. Постарите луѓе во нашата држава во Македонија сите сме свесни дека заслужуваат и вредат да им се обрне многу повеќе внимание и почит за тоа што го прават и од тој аспект одлучивме дека оваа година е најдобро овие средства да ги донираме за нив за да може тие да го покажат своето достоинство, да можат да имаат едно мирно живеење и да имаат поквалитетен живот и на некој начин да им се помогне во сите оние социјални програми каде им е потребно, поосчи Мукаетов.

Тој уште еднаш им се заблагодари на сите вработени во компанијата кои заедно ја покажале својата хуманост.

- Тука сме и оваа година, како и претходните и се надевам дека можеме да продолжиме да даваме една додадена вредност и во општеството и да бараме форми како да помагаме таму каде има потреба. Сакам да ја изразам мојата гордост од аспект на нашите вработени и на сите кои помогнаа оваа сума да ја собереме и да најдеме форма како да им помогнеме на возрасните луѓе кои ја имаат таа потреба, а знаеме дека со својата мудрост и животно искуство и сето она што го дале за генерациите кои доаѓаат по нив придонесуваат да градиме едно подобро општество, додаде Мукаетов.

Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска рече донацијата која денеска ја добива Црвениот крст на Град Скопје е нешто што е многу важно, бидејќи заедно сме посилни.

Никогаш, посочи таа, ние не сме сами со вакви компании заради тоа што сметам заедницата на некој начин ги креира сите социјални сервиси кои ни се потребни.

- Токму заради тоа под слоганот „Сите сме нивни деца“ сите средства ќе бидат наменети да се унапредат социјалните сервиси што веќе постојат на територијата на нашиот главен град, истовремено да го зголемиме бројот на корисниците. Тука зборуваме за санитетскиот транспорт, тоа е оној транспорт кој е достапен за сите на територијата на нашиот град. Едноставно за луѓето кои не можат да одат до болниците, до онаа примарна или секундарна здравствена заштита, ние сме тука заедно со волонтерите тоа да го направиме на најбрз можен начин, преку дневните центри за активно стареење каде правиме спој на професионалното искуство на возрасните со младите генерации, да бидат на некој начин и тие усовршени во она што значи да го препознаваат социјалниот момент и секогаш имаат подадена рака, истакна Тунева Пауновска.

Појасни дека социјалниот сервис „Итно копче“ е нешто ново во нашиот град, а тоа е дека старите лица кои се сами, возрасните од трето доба, имаат алка со црвено копче и по неговото притискање тие се во контакт со нивниот кол центар и волонтерите кои се наоѓаат на нивна територија веднаш пристапуваат во нивниот дом за да можат да интервенираат за се тоа пшто е потребно.

- Многу сме горди во годината кога го прославуваме нашиот голем јубилеј - 80 години Црвен крст на Град Скопје, „Алкалоид“ АД едноставно да биде наш партнер. Секогаш се потребни финансиски средства меѓутоа за нас, за волонтерите и за професионалците многу значи компанијата која е општествено одговорна да ги препознае нашите вредности, додаде Тунева Пауновска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. 

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ.

За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5.

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените.

Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер