„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja - Канал 5

„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja

ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАПОЧНА СО РАБОТА КУЛТНИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР НА „АЛКАЛОИД“.

„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja

Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series.

„Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената проблематика, користејќи ги сите предности на технологијата на интегрирани кола“, ќе објасни во написот за весникот на „Алкалоид“ основачот и тогашен директор на т.н. Компјутерски центар на компанијата, Трајче Мукаетов.

Овие мини компјутери, кои тежеле 186, односно 227 килограми, ги чувале податоците на магнетни дискови со 40 патеки и со капацитет од 1280 збора (64 бита од збор). Како периферни единици се користеле читачот и дупчалката на книжната лента (punch card), коjа денес стои меѓу експонатите во Музејот на „Алкалоид“.

Некогашниот Компјутерски центар, како култен институционален облик, претставува крвоток на сите деловни операции на „Алкалоид“ АД Скопје во земјава и надвор. На симболичното одбележување на петдеценискиот јубилеј, сегашните вработени во Центарот за информатичка технологија и телекомуникации „Трајче Мукаетов“ ги поканија пензионираните извршители кои биле дел од овој сегмент од неговото основање, оддавајќи им почит за заложбите.

Во јули 2007 година „Алкалоид“ беше меѓу првите македонски компании кои самостојно го воведоа системот САП/ЕРП. Имплементирани и во фаза на имплементација се најразлични системи и напредни алатки за анализа на податоци, меѓу кои: DMS (Document Management System), BMS (Building Management System), CRM (Customer Relationship Management), CDS (Chromatography Data Systems), LIMS (Laboratory Information Management System), MES (Manufacturing Execution System), DAS (Document Approval System).

Во делот на дигитализацијата во фокусот останува постојаното вложување во технологии кои овозможуваат зголемена ефикасност, побрзо донесување одлуки и поголема прецизност во секој аспект од работењето.

Овој холистички пристап спрема дигитализацијата ја прави компанијата пофлексибилна и поспособна да одговори на динамичните потреби на глобалниот пазар, создавајќи основа за долгорочен раст и за зголемено ниво на конкурентност.

Алкалоид АД

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

-Мини-фустанот малку криеше.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг.

Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание.

Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња.

Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките.

Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации.

Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Организираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. 

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Касно е за перење.

Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ.

Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО.

Граѓаните паметат и знаат.

Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап.

Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште.

Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија.

Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски .

Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.

Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот.

Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ.

Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО.

Но ние знаеме зошто е паниката.

Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност.

Скопје, 27.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакција

Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.

Скандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакција

Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом.

Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“.

Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк.

Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост.

Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“.

Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп.

Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И

сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп.

Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер