Македонија„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот крст„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во КочаниСо изрази на висока почит кон покажаната хуманост на македонските државјани од земјава и од странство, како и кон сите пријателски и добронамерни гестови од поединци и организации во земјава и ширум светот, „Алкалоид“ се приклучува кон масовната акција за помош на настраданите во трагичниот пожар во Кочани. Преку нашиот долгогодишен партнер, Црвениот крст на РМ, компанијата одлучи да донира 15 милиони денари за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства засегнати од стравичната трагедија во Кочани. „Алкалоид“ АД Скопје упатува благодарност до оваа организација и до секој еден од нивните 165 ангажирани волонтери, кои безрезервно помагаа во бројни ситуации. Во оваа прилика, би сакале да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија. „Алкалоид“ АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот Крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка. Во името на нашиот колектив, изразуваме длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за ненадоместливите загуби. Истовремено, упатуваме искрени желби за брзо закрепнување на повредените кои се лекуваат во земјава и во странство. За крај, би сакале да ги поздравиме напорите за помош на сите поединци и организации, кои со сопствени ресурси и несебични ангажмани придонеле и придонесуваат за поефикасно справување со трагичните последици. Понекогаш, и мал гест или убав збор за утеха и поддршка може да направи голема разлика. АД АлкалоидТагови: алкалоид донација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ја нападна одлуката на Конгресот за ограничени овластувања против Иран: Не сте патриоти Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја нападна резолуцијата на Претставничкиот дом со која се бара ограничување на неговите овластувања за започнување воена акција против Иран, нарекувајќи го гласањето „бесмислено“, а потегот „непатриотски“.Резолуцијата, усвоена од Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, ја ограничува можноста на Трамп да започне понатамошни напади врз Иран, освен ако Конгресот не објави војна или формално не одобри употреба на воена сила. Трамп: Непатриотски потег среде преговорите Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече: „Вчера Претставничкиот дом гласаше со бесмислено гласање за ограничување на моите воени овластувања, а четворица лоши републиканци и сите „глупави и поглупави“ гласаа за тоа. Yesterday, in a meaningless vote, the House voted, 4 bad Republicans and all of the Dumocrats, to limit my War Powers, right in the middle of my final negotiations to end the War with the Islamic Republic of Iran. Who would do such an unpatriotic thing. They know where the… pic.twitter.com/QfITpX3dbN — Commentary Donald J Trump Truth Social Posts On X (@TrumpTruthOnX) June 4, 2026 И ова во средината на моите последни преговори за завршување на војната со Исламската Република Иран“. „Кој би направил нешто толку непатриотско? Тие знаат каде се преговорите“, додаде тој. Тој ги обвини своите политички ривали дека дејствуваат од лична нетрпеливост. „Демократите се водени од синдромот на Трампово растројство. Тие би сакале нашата земја да пропадне отколку јас да забележам уште една победа, од многуте“, тврдеше тој, осврнувајќи се на своите сопартијци кои гласаа против него: „Четирите републиканци, тоа е сосема друга приказна - тие бараат внимание! Треба да се засрамат. МАГА!!!“Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСловенија доби нова влада, по четврти пат Јанша е премиер Словенечкиот парламент на вонредна седница го потврди министерскиот тим на премиерот Јанез Јанша, со што ја избра новата словенечка влада.Дебатата, која започна во 9 часот наутро, требаше да трае осум часа. Сепак, на самиот почеток на седницата се случи пресврт: движењето Свобода побара претседателот на Парламентот Зоран Стевановиќ да се извини, што тој го одби. После тоа, седницата беше накратко прекината, објавува 24ur.com. Од присутните 79 пратеници, 49 гласаа „за“, а 30 „против“, објавува Дело. Новиот владин тим, предложен од лидерот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша, вклучува 15 министри. Меѓу коалициските партнери, најмногу министерски позиции, седум, доби СДС, четири Нова Словенија (НСи), три Демократите, една Фокус, додека Словенечката народна партија (СЛС) остана без својот министерски кандидат. На првата седница на владата се очекуваат и првите потези на новата извршна власт. Судејќи според практиката од претходните години, може да се очекува дека на седницата ќе се случат и одредени кадровски промени, на пример на позицијата директор на Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА), на владината служба за комуникации, а можеби и на директорот на полицијата. Се очекува Јанез Стушек да се врати на чело на СОВА, додека Себастјан Јеретич ќе ја преземе владината комуникација. Според медиумските извештаи, Дамир Иванчиќ се споменува како наследник на Дамјан Петрич на врвот на полицијата.Тагови: Јанез Јанша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.Државната комисија за спречување на корупцијата денес, на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК. ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба. За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана. Државна комисија за спречување на корупцијатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook