„Аксиос“: Пентагон подготвува финален напад во војната против Иран - Канал 5

„Аксиос“: Пентагон подготвува финален напад во војната против Иран

Пентагон развива воени опции за „финален напад“ врз Иран, што би можело да вклучува употреба на копнени сили и масовни воздушни напади - изјавија двајца американски функционери и два извора запознаени со плановите.

„Аксиос“: Пентагон подготвува финален напад во војната против Иран

Според американскиот портал „Аксиос“, драстичната воена ескалација станува поверојатна ако дипломатските преговори не дадат резултати, особено ако продолжи блокадата на Ормуската Теснина.

Некои американски функционери веруваат дека решителниот напад на крајот од конфликтот би ја зголемил моќта на преговарање во мировните преговори или би му дал на американскиот претседател Доналд Трамп симболичен резултат што би можел да го прогласи за победа.

Во интервјуа со „Аксиос“ функционери и извори запознаени со внатрешните дискусии опишаа четири главни опции за „финалниот удар“ што Трамп би можел да ги избере.

Тука спаѓаат инвазија или блокада на островот Харг, главниот центар за извоз на нафта во Иран, инвазија на островот Ларак, што му помага на Иран да ја консолидира својата контрола врз Ормуската Теснина, заземање на стратешкиот остров Абу Муса и два помали острови, што се наоѓаат во близина на западниот влез во Ормуската Теснина и се под иранска контрола, но се предмет на спор со Обединетите Арапски Емирати, или блокада и запленување на бродови што извезуваат иранска нафта на источната страна од Ормуската теснина.

Според порталот, американската војска подготвила и планови за копнени операции длабоко во Иран за да обезбеди високо збогатен ураниум од нуклеарните постројки.

Наместо комплицирана и ризична операција, САД би можеле да спроведат воздушни напади од големи размери за да го спречат Иран да пристапи до материјалот, наведе „Аксиос“.

Трамп сè уште не донел конечна одлука за спроведување на кое било од овие сценарија, а претставници на Белата куќа ги опишуваат можните копнени операции како „хипотетички“, укажува порталот.

Од друга страна, изворите наведуваат дека тој е подготвен да ескалира доколу преговорите со Иран набргу не дадат конкретни резултати.

Првото нешто што може да го направи е да ја спроведе својата закана за бомбардирање електроцентрали и енергетски постројки во Иран, на што Техеран се закани со масовна одмазда во Персискиот Залив, соопшти порталот.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го предупреди Иран дека Трамп е подготвен да удри „посилно од кога било“ доколку не се постигне договор.

„Претседателот (Трамп) не блефира и е подготвен да почне тотален напад. Иран не смее погрешно да ја процени ситуацијата... секое насилство во овој момент ќе се должи на одбивањето на иранскиот режим да постигне договор“, рече Ливит.

Во следните денови на Блискиот Исток се очекува пристигнување засилувања, вклучувајќи неколку ескадрили борбени авиони и илјадници војници.

Единица на морнарицата пристигнува оваа недела, а друга во моментот се распоредува.

Командниот елемент на 82. падобранска дивизија беше испратен во регионот со пешадиска бригада од неколку илјади војници.

Иранските власти велат дека не им веруваат на преговарачките потези на Трамп и ги гледаат како изговор за изненадувачки напади.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, напиша дека иранската разузнавачка служба верува оти „непријателите на Иран, со поддршка на земја во регионот, подготвуваат операција за окупирање еден од иранските острови“.

Според американскиот портал, веројатно се алудира на ОАЕ и нивното барање за Абу Муса.

„Сите непријателски активности се под надзор на нашите вооружени сили. Доколку преземат акција, целата витална инфраструктура на таа регионална земја ќе биде цел без ограничување“, додаде тој.

Извори вклучени во разговорите меѓу САД и Иран велат дека Пакистан, Египет и Турција се обидуваат да договорат состанок меѓу двете страни.

Иран го отфрли првичниот список на барања на САД, но не ги исклучи целосно преговорите.

„Проблемот е недовербата. Командантите на ИРГК се многу скептични, но медијаторите не се откажаа“, рече изворот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје

Главните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на.

Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје

Главните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на обвинители за соработка во постапките за воени злосторства, која денес започна во Скопје.

Конференцијата ја продолжува традицијата на регионални средби на обвинителските професионалци и обезбедува платформа за размена на искуства, подобра комуникација и зајакнување на практичната соработка и меѓусебната правна помош меѓу обвинителските институции од Западен Балкан.

Посебен фокус е ставен на соработката во истрагите и постапките за воени злосторства, вклучително и размената и преносот на предмети и докази меѓу различни јурисдикции. Истовремено, конференцијата овозможува размена на искуства од други кривични постапки и дискусија за практични пристапи за надминување на заедничките предизвици во регионалната правосудна соработка.

Конференцијата ја отвори Ненад Савески, државниот јавен обвинител, кој истакна: „Нас нè обединува не само нашата професија, туку и нашата заедничка, морална и законска должност. А тоа е борбата против неказнивоста за најтешките злосторства против човештвото. Освен тоа, како јавни обвинители, нашиот примарен мандат не е само да ги казниме сторителите, туку да им дадеме глас и да ги заштитиме жртвите“.

Тој потенцираше дека одговорноста, дури и за најтешките кривични дела е индивидуална, а преку јасно лоцирање на вината на поединците, се придонесува за подобро разбирање и соживот на идните генерации.

Во текот на дводневната конференција, учесниците ќе разговараат за напредокот, предизвиците и новите прашања во регионалната соработка во постапките за воени злосторства. Дел од дискусиите ќе бидат посветени на собирањето и преносот на докази меѓу различни јурисдикции во предмети за воени злосторства и други тешки кривични дела, со посебен осврт на законитоста, прифатливоста и квалитетот на доказите.

Роберта Кортезе, раководителка на Секторот за операции 1 при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, изјави: „Европската Унија придава големо значење на правдата, отчетноста и владеењето на правото во Западен Балкан. Тоа се темелни европски вредности, но и суштински елементи на процесот на европска интеграција.

Во овој контекст, утврдувањето на одговорноста за воените злосторства е од особено значење. Изминувањето на времето не ја намалува одговорноста на институциите да постапуваат по тешките кривични дела и да обезбедат правда за жртвите и преживеаните. Затоа, Европската Унија силно ги поддржува напорите за зајакнување на соработката меѓу обвинителствата и правосудните институции во регионот.

ЕУ го препознава поврзувањето на правдата, регионалната соработка, помирувањето и вклучувањето на граѓаните како важен дел од европската перспектива на Западен Балкан.“

На агендата е и примената на принципот non bis in idem во прекугранични предмети и правните аспекти при повторно отворање предмети кои биле затворени во друга јурисдикција. Посебна сесија е посветена и на идната соработка на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали со јурисдикциите во регионот, по одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на неговиот мандат.

Постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија Армен Григорјан, нагласи: „Правдата не зависи само од формалните механизми, туку и од силните професионални врски, довербата и континуираната соработка меѓу институциите. Токму затоа, преку проектот ‘Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан’, финансиран од Европската Унија, создаваме простор обвинителите и другите правосудни професионалци од регионот да разменуваат искуства, да разговараат отворено за практичните предизвици и да ја зајакнуваат меѓусебната соработка. Нашата заедничка цел е правда која е професионална, кредибилна, заснована на човековите права и насочена кон потребите на жртвите,“ изјави Григорјан.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации УНДП. Една од главните цели на проектот е зајакнување на владеењето на правото и поддршка на ефективната регионална соработка во постапувањето по предмети за воени злосторства и други тешки кривични дела, со примена на пристап заснован на човековите права и насочен кон потребите и правата на жртвите.

Конференцијата ќе заврши на 24 септември со усвојување заклучоци и препораки, со цел дискусиите и разменетите искуства да се преточат во практични насоки за натамошно унапредување на соработката меѓу обвинителските институции во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Знаеме како ќе заврши војната во Украина“

Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за радио „WABC“ изјави дека војната во Украина не е добра за ниту една од страните и дека Вашингтон знае како таа ќе заврши.

Рубио: „Знаеме како ќе заврши војната во Украина“

Затоа, додаде тој, има целосна логика таа да се запре. „Но, за жал, во надворешната политика и во вакви прашања, она што е логично не е секогаш она што навистина се случува“, истакна Рубио.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Америка „ќе продолжи да презема активности“.

„Значи, секаде каде што постои можност за напредок и за надминување на јазот меѓу двете страни, претседателот ќе биде подготвен да го стори тоа. И ние ќе продолжиме да се обидуваме да го постигнеме тоа“, додаде Рубио.

Американскиот државен секретар исто така рече дека војната на Русија против Украина нема да заврши со воена победа за ниту една од страните, туку преку преговори: „Таа нема да заврши со одлучувачка воена победа за едната или за другата страна. Ќе заврши со договор постигнат преку преговори. И колку побрзо се случи тоа, толку помалку животи ќе бидат загубени и помало ќе биде уништувањето“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во катастрофлано лоша состојба.

СДСМ: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Нема откуп. Родот им скапува на нивите. А и тоа малку што се откупува, се плаќа по понижувачки цени.

Земјоделците работат од утро до мрак, вложуваат сè што имаат, а на крајот не можат ниту да ги покријат трошоците.

Сите земјоделци се погодени од лошите и криминални политики на Арамијата Мицкоски.

Затоа, поднесовме Закон за финансиска поддршка на земјоделците.

Сега кога им е неопходна.

За лозарите - 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“.

За оние кои нема да успеат да го продадат грозјето – 300.000 денари по хектар за пријавни лозови насади.

-За производителите на пиперка „ајварка“ 10 денари по килограм продадена пиперка, плус 200.000 денари по хектар за евидентираните засадени површини.

-За производителите на пченица 5 денари по килограм, без разлика дали пченицата е продадена на регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад.

-За сточарите 8.000 денари по грло говедо за производство на млеко и месо.

-За оризарите 10 денари по килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година.

Корисници ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Земјоделството е производство, егзистенција и сигурност за илјадници семејства.

Не да се распродава македонската земја зa туѓи профити.

Не земјата и водата да им се ставаат на располагање на туѓи бизнис-интереси.

Не луѓето што произведуваат храна да се оставаат без земја, без вода, без откуп и без поддршка.

Поддршка за земјоделците сега!

Да, за Македонија да застане зад оние кои ја хранат!

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО

YouTube video

Скопје, 23.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер