Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Живот„Акор“ и „Луј Витон“ го преземаат брендот „Ориент-експрес“Француската верига хотели „Акор“ и гигантот за луксузни стоки „Луј Витон - ЛВМХ“ вчера соопштија дека склучиле стратешко партнерство за обновување и развој на легендарниот бренд „Ориент-експрес“.Станува збор за „стратешка инвестиција во брендот ‘Ориент-експрес’, т.е. компанијата што ќе управува со идните хотели и возови и во ентитетот што ќе ги поседува двата едрени брода“, соопштија компаниите. Од тие два брода, првиот се гради во Франција, а двете групи ќе продолжат да бараат и трет партнер за овој потфат. Легендарниот луксузен воз „Ориент-експрес“, сообраќал меѓу 1883. и 1977 година поврзувајќи го Лондон, Велика Британија, и Париз, Франција, со Северна Италија, Средна Европа, Балканот и Константинопол (Истанбул), Турција. - „Ориент-експрес“ е легенда уште од неговото создавање пред 140 години. Со „ЛВМХ“ денес отвораме ново поглавје во ова возбудливо патување, со замисла да истражуваме нови хоризонти и да ја отелотвориме смелоста и креативната страст што ги поттикнуваат нашите групи, изјави Себастијен Базин, претседател и извршен директор на групацијата „Акор“. Бернар Арно, претседател и извршен директор на „ЛВМХ“, рече дека партнерството „има за цел да го забрза обновувањето“ на оваа историска сообраќајна линија. - „Ориент-експрес“ ја олицетворува уметноста на префинетото живеење и смелоста што ги движи нашите куќи, истакна Арно. „Акор“ планира да отвори луксузни хотели под името „Ориент-експрес“ во Рим и Венеција, а лансирањето на првиот брод крстосување „Ориент-експрес“ се предвидува за 2026 година. „ЛВМХ“ веќе управува со услугата за луксузни возови „Венис симплон - Ориент-експрес“ преку својата подружница „Белмон“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионотМакедонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветИталија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократитеОдносите меѓу Италија и Соединетите Држави ќе останат непроменети по победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.Тајани нагласи дека Италија „секогаш ја почитува волјата на американскиот народ“. Тој додаде дека САД се стратешки партнер на Рим и дека соработката ќе продолжи на истото ниво, без оглед на составот на американската администрација или Конгресот. „Ќе продолжиме да соработуваме со истата лојалност и коректност како што тоа го правевме со претходните администрации, без разлика дали биле предводени од претседатели од редовите на демократите или републиканците“, рече министерот. И партијата „Лига“ повика на почитување на изборните резултати, наведувајќи во соопштение за јавноста дека „гласот на народот мора секогаш да се почитува и да се разбере“. Според нив, гласањето ги одразува грижите на граѓаните во однос на војните, меѓународните тензии и порастот на трошоците за живот. Тие исто така изразија надеж дека исходот од изборите ќе го забрза изнаоѓањето решенија за ставање крај на конфликтите и воспоставување мир. Демократите ја преземаат контролата врз Конгресот На изборите одржани на 3 ноември, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес. Ова го означува крајот на периодот во кој републиканците ги контролираа и Претставничкиот дом и Сенатот. Новиот Конгрес, со демократско мнозинство, треба да ја преземе должноста во јануари 2027 година. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМП: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудствотоИзвештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството и го препознава напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди.Меѓу позначајните достигнувања се напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, кој во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија, како и донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители. Во Извештајот се нотираат и донесувањето на законите за платите на судиите и јавните обвинители, новиот Закон за парничната постапка, напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општата усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди. За Министерството за правда, овие оценки претставуваат потврда за постигнатите резултати, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите. Особено внимание во наредниот период ќе биде посветено на доследната примена на законските решенија и исполнувањето на препораките на Европската комисија. Министерството нагласува дека вистинскиот успех на реформите не се мери само преку донесените закони, туку и преку нивното влијание врз функционирањето на институциите и остварувањето на правата на граѓаните. Целта останува изградба на независен, професионален, транспарентен и ефикасен правосуден систем, во кој законот важи подеднакво за сите, а довербата на граѓаните се гради преку конкретни резултати, соопшти Министерството за правда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook