„Ако умрам на непознато место“: Морган Фриман има морничава причина поради која носи златни обетки - Канал 5

„Ако умрам на непознато место“: Морган Фриман има морничава причина поради која носи златни обетки

Морган Фримен, еден од најпознатите и најпочитуваните актери во светот, има eднa необична навика - секогаш носи златни обетки на ушите. Тоа, вели, е затоа што, покрај тоа што е глумец, тој е и страстен морепловец.

„Ако умрам на непознато место“: Морган Фриман има морничава причина поради која носи златни обетки

Фримен (86) отсекогаш го привлекувале морето и едрењето. Така, кога дознал дека морепловците и пиратите некогаш носеле златни обетки за да имаат доволно пари за својот погреб ако починат во странство, Фримен ја пронашол вистинската причина за својот стил и имиџ.

- Вистината е дека ова вреди само колку да ми купат ковчег ако умрам на непознато место. Затоа морепловците носеле обетки и затоа и јас ги носам, изјави холивудскиот ветеран во интервју за „Гардијан“ (The Guardian), објаснувајќи ја својата поврзаност со морето. - Кога бев мал, гледав пиратски филм со Берт Ланкастер кој носеше обетка. Мислев дека тоа е „секси“. Потоа дознав дека морепловците носат златни обетки за да платат за својот погреб ако умрат во туѓа земја. Јас сум морепловец, па морало да биде така... Отсекогаш сум сакал обетки. А, тоа има врска и со мојата приврзаност кон морето, додаде Фримен.

Тој го исполнил својот сон да стане вистински морепловец кога го купил својот прв брод, наречен „Африканската кралица“, по филмот со Хемфри Богарт и Кетрин Хепберн. Фримен пловел по Карибите, Средоземното и Црвеното Море, „уживајќи во слободата и авантурата“, како што вели.

Актерот бил дел и од експедиција што ги истражувала остатоците од Титаник, заедно со режисерот Џејмс Камерон.

Кариерата на глумецот со препознатлив глас се протега низ повеќе од 60 години и вклучува улоги во филмови како што се оскаровскиот „Милионер од гетото“ (Slumdog Millionaire), „Сед7м“ (Se7en), „Неподносливата леснотија на постоењето“ (The Unbearable Lightness of Being) и „Бегството од Шошенк“ (The Shawshank Redemption). Тој е познат и нарацијата на бројни документарни и цртани филмови, а својот специфичен глас го позајмил и за улоги каде што го глуми Бог. Претстојнава сезона, Фримен ќе биде актуелен со третиот дел од „Сега ме гледаш: А, сега не“ (Now You See Me: Now You Don't).

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Некои подароци не се мерат по нивната вредност, туку по приказната што ја носат, напиша на својот Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Десетгодишно момче од Украина, кое од синоќа престојува во Кавадарци, денес му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење.

Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои ова дете расте со надеж дека повторно ќе ја прегрне.

Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја ќе помине десет дена исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства.

Постојат подароци што немаат материјална вредност, но носат приказни кои засекогаш остануваат во сеќавање. Денешниот е токму таков, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“

По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“.

Општина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“

Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување.

На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден.

Општина Карпош ги поканува сите љубители на шахот – деца, млади, возрасни и пензионери, без разлика на нивото на искуство – да земат учество во ова заедничко шаховско дружење и да бидат дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на шахот.

Со организирањето на вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности кои ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат и заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на шахот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката криза

Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов министер за одбрана, во обид да ја смири политичката криза предизвикана од разрешувањето на доскорешниот министер Михајло Федоров, чија смена предизвика серија на протести во земјата.

Зеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката криза

На неговото место доаѓа Евгениј Хмара, кој како шеф на домашната разузнавачка служба СБУ ги надгледуваше украинските напади со дронови во длабочината на Русија.

Зеленски досега не ја објасни причината за смената на 35-годишниот Федоров, кој го обвини началникот на генералштабот Олександар Сирски дека ги блокирал иницијативите на министерството и не ги решавал проблемите директно.

Поради смената на федоров, оставка поднесе заменик-заповедникот на украинските воздухопловни сили Павло Елизаров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер