Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
1Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
3Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
Македонија Ако цените на храната продолжат да растат потребни се долгорочни мерки, смета организацијата на потрошувачиВладата да ја следи состојабата и доколку трендот на поскапување на прехрамбените производи продолжи петребни се мерки – кои ќе бидат долгорочни, а не како досега по два до три месеци, вели Татајана Тасевска од Организацијата на потрошувачи. Таа за Канал 5 посочува свесни се дека цените и во маркетите се повисоки, а за тоа добиле и пријави од граѓани, па оттука вели во делот на храната треба да се превземат конкретни чекори, нагласувајќи дека на земјата и е потребно поголемо домашно производство. „Треба да се мотивира производството повеќе, да има субвенции за земјоделците кои што би можеле да производуваат повеќе храна, значи имаше порано и многу повеќе домашно производтсво, што во овој период од годината придонесуваше да бидат пониски цените барем на зеленчукот и овошјето меѓутоа во овој период грашаните тоа вистина не го чувствуваат бидејќи не се намалија ниту цените на зеленчукот ниту на овошјето кое што е навистина прескапо и не секој може да си го дозволи.... “-Татјана Тасевска – Организација на потрошувачи Од организацијата ја поздравија најавата дека ќе има мерки за училишниот прибор и очекуваат дека ова пред стартот на новата учебна година во голема мера ќе им ја олесни ситуацијата на граѓаните. „Се надевам дека со тоа ќе се намалат цените и ќе им се олесни на оние граѓани кои што имаат деца во училиште и во овој период ќе се набавуваат прибори. Но во делот на прехрамбените производи треба да се превземат соодветни чекори за да може секој од нас потрошувач да купи се што му е потребно и да не го осети тоа во таа мера на својот буџет.“- Татјана Тасевска – Организација на потрошувачи Во насока на стабилизирање на цените на храната, министерот за економија Бесар Дурмиши оствари и средба со трговците, производителите и дистрибутерите на која главна тема биле токму цените. По состанкот, преку социјалните мрежи Дурмиши уште еднаш повтори дека ова е последно предупредување до нив, и доколку бројките за инфлацијата повторно пораснат а цените не се регулираат ќе се донесат ригорозни мерки. Според ресорниот министер ако нема саморегулација неизбежна ќе биде интервенција на пазарот. Во меѓувреме минималната синкилана кошничка расте, и таа за месец јули изнавува нешто над 65 илјади денари. сидникатите пред неколку дена доставија барање до собранието преку законски измени итно да се зголеми минималната плата на 500 евра. А на ваков чекор, денеска, повторно се одлучија и од оопозициската СДСМ. Од партијата велат економските податоци биле поразителни, животот се потежок и тие како партија одлучиле повторно да го поднесат законот за минимална плата од 500 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКарпош и Витина отвараат можности за прекугранична соработкаГрадоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари работна средба со градоначлникот на Општина Витина, Република Косово, Сокол Халити.Во фокус на средбата беа можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка, како и заедничко аплицирање на јавни повици за проекти од областа на прекуграничната соработка. Општина Карпош, согласно својата географска положба, има можност да користи средства од фондовите на Европската Унија наменети за прекугранична соработка со Косово. Во таа насока, особено значајни се можностите за подготовка и реализација на заеднички проекти во областите на заштитата на животната средина и развојот на туризмот, со што би се придонело кон создавање дополнителни придобивки за граѓаните и локалните заедници. На работната средба присуствуваа и претставници од релевантните сектори и области од двете општини. Беа разменети искуства и информации во однос на организациската структура и надлежностите на локалните самоуправи, областите на нивното функционирање, како и можните теми и приоритети за идна заедничка соработка. Средбата претставува иницијатива за воспоставување конкретни форми на партнерство меѓу Општина Карпош и Општина Витина, со цел заеднички настап пред европските фондови и искористување на расположливите можности за развој на локалните заедници. Општина Карпош останува посветена на воспоставување нови партнерства и искористување на европските фондови за реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните и придонесуваат кон одржлив локален развој. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Елитниот арамија Мицкоски вели го заработил скапиот часовник со професорска плата?Колку се сеќаваме, Мицкоски во кампањата велеше дека тешко се живее и дека тој живее исто така тешко како и сите останати - со професорска плата.Зар не беше така? А да… тој лаже штом ќе зине. Го заработил во времето на Груевски? Кога ја водеше ЕЛЕМ? Вели дека скапите часовници му биле „слабост“. A кој има слабост? Зависник. Значи зависност од скапото, односно од парите. Уште едно признание од Мицкоски. Бидејќи сака да го спомнува Фројд и често со проекција ги обвинува другите за она што самиот го прави (како на пример криминал), еве уште малку Фројд за Мицкоски. Фројд во есејот „Character and Anal Eroticism“ (1908) ја поврзал таканаречената анална карактерна структура со особини како: силна потреба да се поседува и задржи нешто. Парите во таа симболика имаат несвесна врска со задржување, контрола и поседување. Затоа екстремната врзаност за пари, гомилање и тешко одвојување од предмети може да се гледа како дел од таков образец. Опсесијата со пари, луксуз, статус и моќ во поширока смисла подоцна ја објасниле и други психоаналитичари. Ерих Фром многу подиректно пишувал како поседувањето пари и предмети може да стане начин човек да го надомести чувството на несигурност или сопствена вредност. Ете, нека чита Мицкоски. Треба да се спознае самиот себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЗдравјеОд 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска трескаСамо во текот на изминатата недела, од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени од западно -нилска треска пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје. По еден од Скопје и од Свети Николе, а регистрирани се и два нови смртни исходи, двата во Скопје. Во Македонија се регистрирани вкупно 58 случаи на западнонилска треска од кои 54 потврдени и четири веројатни, а досега како последица на вирусот починале осум лица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Сите осум починати лица се мажи од скопје со просечна возраст од 71,9 години. Сите биле хоспитализирани, а кај седуммина од нив биле присутни и претходни хронични заболувања. Според местото на живеење, најголем број од случаите се лоцирани во Скопје – дури 55. По еден случај е регистриран во велес, Куманово и во Свети Николе.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook