Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
Забава„Ај кју“ ќе настапи во првото полуфинале на Евровизија 2018„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ вечер во арената „Алтис“ во Лисабон под реден број 11 ќе ја претстави Република Македонија на првата полуфинална вечер на 63. Избор на песна на Евровизија 2018, на кој годинава учествуваат 43 земји.&nbsАвтор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, гитарист, композитор и вокал во „Ај кју“ во кое членува заедно со пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски. Автор на аранжманот на нивната композиција е продуцентот Дарко Димитров. „Ај Кју“ ќе се натпреварува за влез во финалето со изведувачи од уште 18 земји. Ќе бидат избрани претставници од десет земји кои заедно со десетте од втората полуфинална вечер на 10 мај ќе влезат во големото финале во сабота (12 мај). Гласовите од полуфиналните вечери се добиваат по половина од телевоутинг и од националните жирија и може да гласаат сите земји што учествуваат вечерта. Натпреварот оваа вечер ќе го отворат претставниците на Азербејџан, а последни, 19-ти на листата меѓу вечерашните учесници, се претставниците на Кипар. Во првото полуфинале се и: Исланд, Албанија, Белгија, Чешка, Литванија, Израел, Белорусија, Естонија, Бугарија, Хрватска, Австрија, Грција, Финска, Ерменија, Швајцарија и Ирска. На второто полуфинале задутре се композициите на 18 земји: Норвешка, Романија, Србија, Сан Марино, Данска, Русија, Молдавија, Холандија, Австралија, Грузија, Полска, Малта, Унгарија, Летонија, Шведска, Црна Гора, Словенија и Украина. Во финалето на 12 мај ќе се натпреваруваат 20 земји избрани во двете полуфиналиња и уште шест земји - домаќинот Португалија и големата петорка: Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство. Од тие 26 земји ќе се избере победникот за 2018 година кој ќе биде и домаќин на следната Евровизија. Победата на Португалија лани од Киев и ја донесе пејачот Салвадор Собрал со баладата „Amar pelos dois“ (Љубов за двајца) која ја напиша неговата сестра. Годинашната песна за претставување на Македонија „Lost and found“ беше избрана по распишаниот јавен повик на кој пристиганле 382 композиции. Македонската радиотелевизија, која го организираше изборот во февруари, соопшти дека „Lost and found“ имала убедливо најголем број гласови и дека осумчлената комисија едногласно заклучила дека „избраната композиција на евровизиската сцена најдобро ќе ја донесе групата ’Ај кју’“. - Комисијата е едногласна во ставот дека одбраната композиција има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ, соопшти пред три месеци МРТ која е носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија и ќе ги пренесува трите натпреварувачки вечери со почеток во 21 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот уставАлбанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала. Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции. Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата. На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм. Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕдношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“Крај за двојните запирања на границата со Албанија. Од денеска на преминот Ќафасан кај струга стартува системот „Оne stop shop“, со кој патниците ќе поминуваат само една заедничка гранична контрола, наместо да запираат на двете страни од границата..Целта е помалку чекање, побрз проток на патници и стока и поедноставни гранични процедури. Системот го промовираа премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Еди Рама, кои најавија понатамошно унапредување на соработката и ваков систем и на другите премини кон Албанија. На граничниот премин Ќафаса само лани се регистрирани 2,3 милиони преминувања на патници што е повеќе од половина од регистрираните преминувања кон Албанија. Со ова олеснето преминување се очекува развој на туризмот и помали трошоци за стопанството. Македонија ваков модел на заеднички контроли со едно застанува прв пат воведе со Србија во 2019 година на преминот Табановце, а со Косово на преминот Блаце е воведена од лани. Со воведувањето на системот и со Албанија, се прави уште еден чекор кон поедноставно движење меѓу земјите во регионот. Особено значајно е тоа за Коридорот 8, кој ги поврзува Македонија и Албанија и претставува важна транспортна и економска врска меѓу Јадранското и Црното море. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија.Од редовна воена обука до вистинска борба за спасување човечки живот. Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија. Повреден, со скршеници и обилно крварење, алпинистот останал на висина од околу 15 метри над земјата, откако при искачувањето му се откорнало парче карпа, а неговиот пад бил запрен со безбедносно јаже. Несреќата се случила во саботата, кај старите тунели во Демир Капија. Според полицијата, станува збор за главен инструктор од планинарското друштво „Стена“ од Белград, кој се искачувал заедно со уште шестмина алпинисти од Србија. За среќа, во непосредна близина, припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“ изведувале редовна обука за планински операции па веднаш излегле во пресрет на повредениот. Како изгледала драматичната спасувачка акција, ексклузивно за Канал 5 раскажува еден од старешините кој непосредно учествувал во извлекувањето на повредениот. Неговиот идентитет не го откриваме од безбедносни причини. -На вчерашниот датум, нели, околу 13:30 часот, при извршување на задачи од редовен карактер. ...наслушнавме повици за помош од страна на туристи, алпинисти, коишто спортуваа во непосредна близина на реонот каде што ние ги извршувавме тие задачи. При што веднаш пристапивме кон спасување, односно извлекување на ранетиот. Значи, побараа помош, воочивме дека има повредено лице, се организиравме – објаснува соговорникот. Веднаш започнала трка со времето. Војниците успеале да стигнат до повредениот, да му укажат прва помош и да го извлечат од тешко пристапниот терен. Старешината вели дека вакви ситуации за време на обука се исклучително ретки, но токму присуството на специјалците во близина било пресудно за брзата интервенција. -Лицето коешто беше повредено, беше утврдено на лице место дека има скршеници, обилно крварење. Беа санирани неговите повреди и лицето беше успешно извлечено надвор од непристапниот терен. Сосема професионално, онака како што и баталјонот веќе со години реализира такви активности. Знаете, сепак, на оваа единица приоритет е безбедноста на граѓаните, така што сметам дека и со оваа активност којашто ја извршивме вчера, тоа само го потврдивме. На повредениот му посакуваме брзо опоравување, брзо закрепнување. И среќа што тука ние се најдовме во истата близина да му пружиме помош – појаснува тој. За само 50 минути од падот, повредениот алпинист веќе бил во возило на Итната медицинска помош од Неготино. Во Општата болница во Велес му биле констатирани тешки телесни повреди, а за неговата понатамошна здравствена состојба засега нема дополнителни информации. Она што започнало како редовна воена обука, за припадниците на „Волци“ завршило како вистинска спасувачка мисија, во која нивната подготвеност и навремена реакција помогнале да се спаси човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33