„Аџибадем Систина“- 20 год. од првото Ин витро бебе родено во Македонија - Канал 5

„Аџибадем Систина“- 20 год. од првото Ин витро бебе родено во Македонија

ИВФ-центарот на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ одбележува значаен јубилеј, 20 години од раѓањето на првото дете оплодено со помош на ин витро технологија во земјава. 

„Аџибадем Систина“- 20 год. од првото Ин витро бебе родено во Македонија

Оттогаш до денеска, во Центарот реализирани се над 17.000 вештачки оплодувања, а стапката на успешност е на ниво на светските референтни ИВФ-центри. Специјализираниот центар е пионер во имплементација на асистираните репродуктивни техники во земјава и е составен од еминентни гинеколози-акушери, андролози и ембриолози со долгогодишно искуство од областа на асистираната репродукција.

По повод 20-годишнината, ИВФ-центарот воведува 20% намалување на цената за ИВФ постапките (спонтан циклус и циклус со стимулација), како и бесплатни консултации за вештачко оплодување за сите заинтересирани пациенти. Во рамки на кампањата ќе бидат спроведени и онлајн едукативни предавања од страна на тимот.

Во ИВФ-центарот на „Аџибадем Систина“ е родено првото ин витро бебе

Само една година по отворањето на ИВФ-центарот, во 2002 година на свет дојде малиот Ангел, првото бебе од епрувета. Со тоа „Мала Богородица – Систина“ стана пионер во воведување на најсовремените техники во асистираната репродукција. Оттогаш до сега во Центарот кој сè уште го носи името „Мала Богородица“ се остварени соништата на илјадници семејства.

„Навистина сме горди што уште од самиот почеток направивме пионерски чекори и станавме основоположници на асистираните репродуктивни технологии во земјава. Низ годините Центарот за ИВФ бележи бројни успеси, постојано зголемување на тимот, континуирано вложување во едукација и воведување нови технологии. Се позициониравме на високото место на мапата на развиени ИВФ-центри во регионот. Меѓутоа, ништо од сево ова немаше да биде постигнато без поддршката и довербата од нашите пациенти“, вели д-р Слободан Лазаревски, гинеколог акушер, основач на ИВФ-центарот на „Аџибадем Систина“

Лидери во регионот

Имплементирајќи ги последните технологии во областа на асистираната репродукција, центарот за ИВФ во „Аџибадем Систина“ е неприкосновен лидер во регионот. Тука се изведуваат сите асистирани и репродуктивни техники без ограничување на возраста за ИВФ-постапки: вонтелесно оплодување (IVF, ICSI, TESE, TESA), криопрезервација (замрзнување) јајце клетки, сперматозоиди, ембриони, ткиво од тестис и ткиво од јајчник, интраутерина инсеминација, PICSI метода, како и замрзнување – витрификација на ембриони и јајце клетки.

ИВФ-циклуси со донирани јајце клетки и сперматозоиди

Благодарение на соработката со реномирани светски банки за донација на јајце клетки и сперматозоиди, во Центарот за ИВФ успешно се изведува оплодување со донација на полови клетки. Покрај македонските пациенти, зголемен е трендот на пораст на пациенти од регионот за ваков тип оплодување. ИВФ-центарот на „Аџибадем Систина“ има склучено договор со најголемата европска банка за јајце клетки ‘Ovogene’ и активно соработува со најголемата лиценцирана банка за сперматозоиди, CRYOS од Данска, најголемата донорска база на сперматозоиди во светот.

Третман на машка неплодност

Мултидисциплинарниот тим на ИВФ-центарот нуди уникатен и тимски пристап во дијагноза и лекување на неплодноста кај мажите. Располага со тим и опрема за дијагноза на машка неплодност, како и сите видови медикаментозни и хируршки третмани во лекувањето на неплодноста кај мажите. Во центарот се спроведува револуционерната хируршка процедура Micro TESE, напредна техника која за 60% ја зголемува можноста за пронаоѓање сперматозоиди.

Почетоците на ИВФ-центарот се во рамки на тогашната Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица - Систина“ која во 2010 годинa прерасна во прва приватна клиничка болница. Предводен е од д-р Слободан Лазаревски, основачот на асистираната репродукција во земјава, кој го направи и првото успешно ин витро оплодување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. 

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал.

Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.

Добринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела.

„Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB.

Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди.

Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена.

„Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот.

Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна.

Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање.

Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање.

Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија.

Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало.

Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер