„Адидас“ ја повлекува рекламата со Бела Хадид и мотивите од Олимпијадата во Минхен - Канал 5

„Адидас“ ја повлекува рекламата со Бела Хадид и мотивите од Олимпијадата во Минхен

- Бела Хадид проговори за контроверзната реклама на „Адидас“ со мотиви од Олимпијадата во Минхен, 1972 година. Манекенката во изјавата рече дека е „шокирана“ од „недостигот на чувствителност“ во врска со кампањата, но призна делумна вина.

„Адидас“ ја повлекува рекламата со Бела Хадид и мотивите од Олимпијадата во Минхен

Германскиот бренд ја повлече рекламата со којашто ги враќа во мода патиките за трчање, инспирирани од стилот на Олимписките игри во Минхен, и што на почетокот на овој месец беше критикувана од Израел и од еврејските заедници. Во средиштето на контровезиите беше новото заштитно лице на брендот - Хадид, која има палестинско потекло, и контекстот на Олимпијадата пред 52 години, кога во напад на палестинска милитантна група беа убиени 11 израелски спортисти и тренери и еден германски полицаец.

„Не знаев за историската поврзаност со ужасните настани од 1972 година. Шокирана сум, вознемирена и разочарана од недостатокот на чувствителност во оваа кампања. Да знаев, искрено од срце велам, никогаш немаше да учествувам во неа“, напиша Хадид на „Инстаграм“.

Таа ја посочи компанијата како делумно виновна, но не се иззема ни себеси.

„Мојот тим требаше да знае, ‘Адидас’ требаше да знае, а и јас требаше да направам повеќе истражувања за да знам, разберам и да проговорам гласно. Како што секогаш сум зборувала и секогаш ќе зборувам за она што верувам дека е погрешно... Не верувам во омраза во кој било облик, па ниту антисемитизам, и целосно стојам на таа изјава“, истакна топ-моделот.

Во изјавата, таа вели дека Палестина не е синоним за тероризам и оти секогаш ќе стои покрај својот народ во Палестина, залагајќи се за свет без антисемитизам.

„Адидас“ се извини, и тоа двапати, вклучително и на Хадид, меѓу другото, и поради веројатноста дека таа ги разгледува своите правни можности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лимани: Младите се наш највреден ресурс – заеднички да создадеме повеќе можности тие да останат дома

Лимани упати благодарност до сите меѓународни партнери за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството останува отворен, транспарентен и посветен партнер за координирано и долгорочно дејствување.

Лимани: Младите се наш највреден ресурс – заеднички да создадеме повеќе можности тие да останат дома

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска го отвори координативниот состанок со меѓународните партнери посветен на напредокот во спроведувањето на Националната стратегија за млади и можностите за понатамошна соработка во областа на младинските политики.

На настанот присуствуваа резидентната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, д-р Рита Колумбија, претставници на Германското друштво за меѓународна соработка - ГИЗ, Регионалната канцеларија за младинска соработка на земјите од Западен Балкан (РИКО), дипломатскиот кор, меѓународни организации, донаторската заедница, институции и партнери кои активно придонесуваат во креирањето и спроведувањето на младинските политики.

Во своето обраќање, министерот Лимани истакна дека средбата не е само презентација на постигнатото, туку повик за засилена координација и заедничко делување во интерес на младите.

„Младите се наш највреден ресурс. Денес тие се соочуваат со избор што ја одредува иднината на државата – дали ќе останат и ќе ја градат својата иднина тука или ќе ја побараат надвор од земјата. Затоа младинските политики не се само прашање на една генерација, туку прашање на демографската одржливост, економскиот развој и иднината на Македонија“, порача Лимани.

Тој нагласи дека Министерството работи на создавање систем што ќе им обезбеди на младите повеќе можности, квалитетни услуги, активно учество и поддршка за личен и професионален развој, при што Националната стратегија за млади 2023–2027 претставува клучниот стратешки документ за остварување на овие цели.

Министерот најави дека во наредниот период се очекува усвојување на Акцискиот план 2026–2027, кој ќе ги претвори стратешките определби во конкретни, временски дефинирани и финансиски поддржани активности.

Посебен акцент беше ставен на потребата од подобра координација меѓу институциите, меѓународните партнери и донаторската заедница, со цел ресурсите да се насочуваат поефикасно и да се постигнуваат поголеми резултати, особено во развојот на локалните младински центри, младинските совети и локалните стратегии за млади.

„Инвестициите во младите не се трошок, туку инвестиција во човечкиот капитал, демографската стабилност, економскиот развој и иднината на државата. Нашата визија е јасна – младите да имаат повеќе причини да останат, да се развиваат и да успеваат дома“, истакна Лимани.

Тој упати благодарност до сите меѓународни партнери за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството останува отворен, транспарентен и посветен партнер за координирано и долгорочно дејствување.

Координативниот состанок продолжи со презентација на досегашниот напредок во имплементацијата на Националната стратегија за млади, размена на мислења и предлози за идна соработка со присутните, како и со заедничка определба за понатамошно јакнење на партнерствата во интерес на младите и нивната иднина во Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум работници се повредени во експлозија на нафтена платформа во државата Апуре, Венецуела. Повредените се префрлени во Колумбија на лекување.

Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум работници се повредени во експлозија што се случи доцна во неделата навечер по локално време на нафтена платформа во државата Апуре во југозападна Венецуела, потврдија денес локалните власти.

Надлежната служба на компанијата „PDVSA“ што управува со нафтената платформа потврди дека сите повредени работници се префрлени во соседна Колумбија каде што ќе добијат медицинска помош, пренесува Ројтерс.

„PDVSA“ не одговори веднаш на барањата на Ројтерс за дополнителен коментар за експлозијата на нафтената платформа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Турција очекува единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО во Анкара следниот месец, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс.

Анкара ќе биде домаќин на самит на 32 лидери на земјите-членки на НАТО, како и претставници од земјите-партнери во Персискиот Залив, Азија и Пацифичкиот регион, на 7 и 8 јули, во услови на тензии во рамките на алијансата околу поделбата на товарот, трошоците за одбрана и поплаките на САД за недостатокот на учество на сојузниците во повторното отворање на Ормутскиот теснец за време на војната меѓу САД и Израел со Иран.

„Нашето главно очекување од самитот е да се постигнат резултати што ќе ја заштитат националната безбедносна чувствителност на сојузниците и ќе го зајакнат духот на солидарност и единство на алијансата“, рече Ердоган на настан во Истанбул за парламентарците од земјите-членки на НАТО.

Турскиот лидер рече дека сојузниците ќе разговараат и за војните во Иран, Украина и Појасот Газа за време на состанокот, додавајќи дека официјална Анкара очекува поголема поддршка од сојузниците во напорите за ставање крај на повеќе од 40-годишното востание на милитантната Курдистанска работничка партија (ПКК) и вклучување на Турција во европските одбранбени планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер