„5ре" – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко - Канал 5

„5ре" – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко

Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира  нов фестивал – „5ре". 

„5ре" – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко

Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца.

Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот" кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко" за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во чест на наградениот ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари" на велешкиот театарски ансамбл со што ќе биде отворен фестивалот кој ќе трае до 28 мај.

Ненад Витанов, режисер и член на организациониот одбор, денеска на прес-конференција потенцира дека преку овој фестивал ќе му се оддаде почит на Петре Прчилко преку популарни претстави како што беше популарен и Петре.

Тој информираше дека на програмата се девет фестивалски претстави, од кои шест на сцената на Велешкиот театар, една на отворена сцена во Младинскиот парк, а во дополнителната програма и две претстави за деца.

Зоран Љутков, актер и актуелен претседател на Советот на Општина Велес, истакна дека со години наназад велешката театарска публика може да види одлични театарски продукции, како и комедии кои се од потешките жанрови за играње.

.-Ова не е ниту случајно, ниту инцидентно, туку логичен потег, Велес да добие ваков театарски фестивал, со домашни популарни претстави на македонските театри. Се надевам дека ќе доживее голем успех, рече Љутков.

Воедно информираше дека по подолга пауза велешани повторно ќе имаат секојдневни културни настани од мај до октомври. Во претстојното лето ги најави: забавната рекреативна манифестација во Градскиот парк од 2 до 5 јуни, Рациновите средби, потоа Меѓународниот фолклорен фестивал, Фестивалот на античка драма „Стоби", Фестивалот на џез и светска музика и Скулпторската колонија.

Влезниците за новиот фестивал „5ре" се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.

Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес која и го финансира, а организатор е велешкото Здружение „Плус публика". /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар.

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир.

На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер