59 здравствени работници од Општа болница-Кичево ќе ја примат вакцината против КОВИД-19 - Канал 5

59 здравствени работници од Општа болница-Кичево ќе ја примат вакцината против КОВИД-19

 Вкупно 59 вработени во Општа болница – Кичево, кои во изминатиот период беа најмногу ангажирани во лекувањето на болните од КОВИД-19, денеска и утре ќе ја примат првата вакцина против КОВИД-19.

 59 здравствени работници од Општа болница-Кичево ќе ја примат вакцината против КОВИД-19

Вработените се речиси од сите одделенија од болницата, а првата вакцина против КОВИД- 19 ќе ја примат во модуларниот центар кај Инфективната клиника во Скопје.

-Вакцинацијата на здравствените работници ќе се одвива во наредните два дена, што значи дека по 24-25 лица ќе бидат вакцинирани во еден ден, а по 21 ден овие здравствени работници треба да ја примат и втората вакцина, најави д-р Неџат Балажи, специјалист од кичевската Општа болница.

Балажи појасни дека 59 вработени во болницата, иако се од различни оделенија, сепак, како што рече, овие вработени го понесоа најголемиот товар во корона кризата и поради тоа ќе бидат имунизирани со по две вакцини од „Фајзер" во период од 21 ден.

-Откако во земјава ќе пристигнат договорените количества вакцини, најверојатно од Кина, „Синофарм", тогаш и сите преостанати вработени од вкупно 220 од нашата болница, ќе ја примат вакцината против КОВИД-19, истакна Балажи.

За разлика од Општата болница, од Здраствениот дом засега никој не ја примил вакцината против КОВИД-19.

-Во Здравствениот дом во Кичево досега никој не е вакциниран. Денеска го испративме списокот на вработени лекари и сестри кои се ангажирани во брза помош, а кога ќе следи вакцинацијата допрва ќе бидеме информирани, рече д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом – Кичево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Отчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитација

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Една љубов – Македонија

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот

отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас

јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се

испорачуваат резултати.

Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина

и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со

сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно

раководење, јасна визија и политичка поддршка.

Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана.

Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е

ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна

дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската

рехабилитација за возрасни и деца.

Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра,

а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за

современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет.

Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде

подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по

која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените

преку организиран мултидисциплинарен пристап.

Работата не се однесува само на медицинските услуги.

Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е

намалено загадувањето во центарот на Скопје.

Најголемата трансформација допрва следува.

Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за

целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката,

вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците,

топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива.

Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати.

ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту

само коректор на туѓите политики.

Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и

да се реализира преку институциите.

Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори

во конкретна промена.

Не велиме дека сите проблеми се решени.

Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се

застанува со име и презиме.

За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност.

Политиката значи работа.

А отчетот значи да се покаже што е направено.

Две години работа.

Две години резултати.

Една обврска – отчет пред граѓаните.

Една љубов – Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер