Балкан„24 Часа": Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата на автобусот на „Беса транс".Бугарскиот државјанин Сади Салех по грешка бил вклучен на листата на повредени патници од несреќата на автобусот на „Беса транс", што се случи на автопатот „Струма" во Бугарија во вторникот во раните утрински часови, објави најтиражниот бугарски весник „24 Часа". Како што јави дописникот на МИА од Софија, Салех се обратил до редакцијата на „24 Часа", објаснувајќи дека нема никаква врска со несреќата на автопатот „Струма". Салех изјавил дека е државјанин на Бугарија и дека во саботата бил примен на Одделот за трауматологија на Ургентната болница „Пирогов" во Софија, поради скршеница на раката. Бидејќи неговото име се најде на листата на повредените патници од несреќата на автобусот на „Беса транс", излегува дека од клиниката по грешка го внеле на тој список, наведува „24 Часа", додавајќи дека Салех веќе е отпуштен од болницата. Според извори на МИА од Софија, за Скопје веќе заминал тим од обвинители и истражители од бугарската Национална истражна служба, кои до властите на земјава официјално ќе достават барање за правна помош. Според најавите од Софија, нивни домаќин ќе биде државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Се очекува на бугарските истражители да им бидат предадени собраните ДНК материјали од роднини на жртвите во автобуската несреќа и тие утре да се вратат во Бугарија, по што ќе започне споредувањето и идентификацијата со пронајдените 44 тела на загинатите македонски државјани во автобусот. По завршувањето на оваа постапка ќе следува пренесување на телата во земјава и предавање на нивните роднини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаМЗТ Скопје Аеродром во ЕвропаМакедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис.Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис од Грција. Пресметката на теренот ќе биде кулминација на една вечер за паметење, која ќе започне неколку часа претходно пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот. Исклучително возбудлив дел од пред-натпреварувачката програма ќе биде ADMIRAL FREE SHOOT CHALLENGE-натпревар во слободни фрлања со богат награден фонд (iPhone 17, спортска опрема и друго). Ова е одлична можност за присутните да ја покажат својата прецизност и да освојат примамливи награди. Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари и истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk. Веруваме дека настанот пред спортскиот центар дополнително ќе ги обедини навивачите, нивните семејства и сите останати љубители на кошарката низ една богата и интересна двочасовна програма. Потоа, дружењето го продолжуваме на трибините, со силна поддршка за МЗТ Скопје во овој голем европски предизвик!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20
БизарноВејн Руни по двете трансплантации ја осигурал својата коса Европскиот фудбалски великан Вејн Руни одлучил да ја осигура својата коса. Легендата на англискиот фудбал и на „Манчестер Јунајтед“ – кој сега има 40 години – пред повеќе од една деценија се подложи на две постапки за трансплантација на коса за да го реши проблемот со опаѓањето на косата. Тој сега е толку задоволен од својот изглед што одлучи дополнително да ги заштити резултатите од тие зафати. Руни, кој моментално работи како фудбалски аналитичар и ко-коментатор во емисијата *Match of the Day*, откри дека поседува полиса за осигурување на својата коса. Тој го обелодени ова во најновата епизода од документарната серија за неговото семејство, *The Real Rooneys*, која се прикажува на платформата Disney+. Пред да замине на скијање, тој потврди дека ја осигурал својата коса, додавајќи дека тоа е единствениот дел од неговото тело што некогаш го осигурал. Во последните месеци, Руни значително го промени својот изглед, а особено внимание привлече неговата фризура. Поранешниот напаѓач исто така имаше операција на носот, откако двапати го скрши за време на својата играчка кариера. Покрај тоа, тој изгуби значителна тежина откако престана да консумира алкохол, почна да се храни поздраво и редовно вежбаше во теретана. Руни својата трансформација ја припишува на новите животни навики и ги отфрла шпекулациите дека користел инјекции за слабеење. За оваа тема тој зборуваше во емисија во која учествуваа и неговата сопруга Колин (40) и нивните четири сина – Каи (16), Клај (13), Кит (10) и Кас (8). „Се чувствувам одлично. Веќе некое време не пијам алкохол. Едноставно сакав да се чувствувам поздраво и да бидам поздрав“, рече Руни. „Исхраната ми е многу подобра и тренирам. Сите зборуваат дека користам инјекции за слабеење, но тоа не е точно – сакам да го разјаснам тоа. Навистина се трудам да изгледам подобро и да бидам поздрав.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизелДоналд Трамп изјави дека можеби ќе побара од европските земји да ги ослободат дел од своите резерви на дизел, додека размислува за забрана на извозот на ова гориво од САД пренесува Би-Би-Си.Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и бизниси „Не треба да го носат товарот“ додека цените вртоглаво растат. САД се заканија дека ќе го ограничат извозот на дизел откако војната во Иран предизвика нагло зголемување на цените за американските гласачи пред ноемвриските избори. Вчера Обединетото Кралство одржа разговори со европските партнери за можното ослободување на резервите на дизел како одговор на евентуалната забрана. Забраната за извоз би го преплавила американскиот пазар со дизел и би можела значително да ги намали цените за американските возачи. Сепак, експертите предупредуваат дека таквата забрана би извршила дополнителен притисок врз цените на дизелот во другите земји, освен ако тие не можат да обезбедат дополнителни залихи. Цените на бензинот и дизелот на глобално ниво вртоглаво пораснаа по избувнувањето на конфликтот меѓу САД и Иран во февруари. Затворањето на виталниот Ормутски теснец преку кој вообичаено се транспортира околу една петтина од светската нафта и гас, доведе до поскапување на производите добиени од нафта.Забраната за извоз од Русија, која исто така е голем снабдувач на дизел, дополнително придонесе за притисокот врз цените.Тагови: Дизел Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20