„2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ, македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија - Канал 5

„2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ, македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.

„2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ, македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ целиот концерт ќе не води урбаната дива Вера Јанковиќ.

Фронтмените на групата „2 Бона“ ги повикуваат сите скопјани на 13 Септември да дојдат и да уживаат во добра македонска музика.

„На 13 Септември се гледаме во Парк на Франкофонија! Фестивалот се вика „Нешто што ќе остане“, така да дојдете и останете таму цела вечер. Се гледаме!”, велат фронтмените на „2 Бона“.

Преку видео обраќање, пејачката Елена Ристеска го најави својот настап во Паркот на Франкофонијата.

„Драги мои, ве повикувам на 13 Септември во Центар, во Паркот на Франкофонијата да уживаме во македонска музика. Ве сака ваша Елена Ристеска“, повика Ристеска.

Водителката Вера Јанковиќ истакнува дека музиката е доказ дека не сме сами, а музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ не асоцира на најдоброто од македонската музичка сцена.

„Драги мои поклоници на македонската музичка сцена, сакам да ви најавам „Нешто што ќе остане“. Тоа ме асоцира на моментот дека музиката е доказ дека не сме сами на овој свет. Нешто што ќе остане, по трети пат, традиционално не асоцира на најдоброто од македонската забавна музичка сцена. И повторно, Парк на Франкофонија овој пат 13 Септември, 19:30 минути. Јас сум Вера Јанковиќ, вашиот водител, домаќин, а се останато што ќе ве изненади таму ќе биде фантазија во која што ќе создадеме уште една ноќ за паметење. Се гледаме, бидете таму!“, порачува Јанковиќ.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека Општина Центар продолжува да вложува во културни настани достапни за сите граѓани.

„Со „Нешто што ќе остане“ создадаваме традиција на заеднички моменти исполнети со музика, радост и култура. Ги поканувам сите скопјани и гости на градот да ни се придружат на оваа прекрасна вечер која ќе остане запаметена“, вели Герасимовски.

Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!.

Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека.

„Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година.

Што е „Le Bal des Débutantes“?

„Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања.

Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери.

Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“.

Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула.

Кои се другите дебитантки?

Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи.

На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина

Доналд Трамп објави дека го задолжил потпретседателот Венс целосно да го фокусира своето внимание на она што тој го нарекува широко распространета корупција и криминал во градовите и државите управувани од демократите. 

Трамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина

Тој ги наведе Минесота, Калифорнија и Илиноис како примери, нарекувајќи ги лошо управувани и корумпирани системи.

Трамп тврди дека секој месец се крадат милијарди долари и дека запирањето на овие криминални активности би можело брзо да го балансира националниот буџет. Во својата објава, тој додаде и дека раководството на Демократската партија има „корупција во крвта“.

Порака до Иран

Тој се осврна и на надворешната политика, поточно на Иран. Тој рече дека на Соединетите Држави не им е потребен договор со Техеран и дека тоа време одамна е поминато. Тој тврдеше дека Соединетите Држави имаат ирански пари, кои ги процени на „стотици милијарди долари“, како и контрола врз Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво обраќање на новата директорка на Нвидија, го замени Хуанг по шпионската афера

Колет Крес ќе ја преземе функцијата извршен директор на „Нвидија“ откако Јенсен Хуанг поднесе оставка. 

Прво обраќање на новата директорка на Нвидија, го замени Хуанг по шпионската афера

Таа денеска беше именувана за привремена извршен директор додека компанијата бара постојан наследник на Хуанг.

Крес им се обрати на вработените во една од највредните компании во светот, чии акции драстично паднаа откако сега веќе поранешната извршен директорка на компанијата беше фатена во афера со наводната кинеска шпионка Алис Хуанг, во интерно писмо.

Ројтерс забележува дека видел копија од документот. Подолу е неговата содржина.

„Драги Енвидијци,

Имам длабока верба во оваа компанија и нејзината иднина. Повеќе од сè, имам верба во секој од вас, нашите клиенти и партнери и во виталната улога што ја играме секој ден во глобалната економија.

Управниот одбор, Извршниот тим и јас признаваме дека ова беше неверојатно предизвикувачки период и сакам да знаете колку сме благодарни за вашата отпорност, професионализам и континуирана посветеност. Ви благодарам.

Оваа компанија постигна толку многу благодарение на работата што сите ја вложувате во неа секој ден. Вие сте нашата најголема сила. Во наредните денови, ќе слушнете повеќе од раководството за нашата заедничка иднина, а ќе одржиме состанок на компанијата на 18 ноември во 9 часот наутро по PT.

Играме витална улога во градењето на технологијата што ја движи револуцијата на вештачката интелигенција и имаме важна работа пред нас. Затоа, да продолжиме напред заедно, со истата решителност и посветеност што отсекогаш ја дефинирале оваа компанија.

Ви благодарам за сè што правите, Колет.“

Одлуката за оставка беше објавена откако се појави уште една наводна афера помеѓу Јенсен Хуанг и колешка од истата компанија. Според медиумските извештаи, во случајот била вклучена Кимберли Пауел, потпретседателка на компанијата, која била одговорна за улогата на технолошките иновации во здравството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер