1Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
Култура„12 Гневни“ новата преиера на НУЦК „Трајко Прокопиев"- Театар Куманово„12 Гневни" е насловена претставата на Театар Куманово која премиерно ќе биде изведена утревечер со почеток во 20 часот, информираа на денешната прес-конференција од установата.Претставата е работена по текст на Реџиналд Роуз, во режија на Ирена Стеријовска, а настапува речиси целиот ансамбл на Театар Куманово. Претставата го прикажува односот на поединецот кон системот, личните предрасуди, стереотипи на поединецот, неговиот однос кон општествените предизвици. Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев", Сашо Тодоровски ги покани кумановци да ја проследат претставата за која верува дека долго ќе се игра. Режисерката Стеријовска вели дека претставата го прикажува системот на правда, индивидуалниот однос на системот од кој сите имаат очекувања. -Во основа приказната е локализирана регионално. Покрај приказна за предрасуди оваа е вивисекција на македонското општество коешто наспроти очекуваните стереотипи ја носи тезата дека ниту еден човек не е само едно нешто, сите ние сме склоп од контрдикторни нешта кои не прават луѓе, секој со свои грешки, секој со поправање на грешките, обидувајќи се да преживееме, вели режисерката. Таа очекува публиката самата да се соочи со личните предрасуди, стереотипи кон различни групи на луѓе. Актерите Мирослав Петковиќ, Александра Михајловска, Чедомир Митевски, Жарко Јовановиќ на денешната прес-конференција ги претставија своите ликови и ги поканија кумановци да ја проследат претставата, посочувајќи дека е задоволство да се игра ваква претстава многу близу со публиката, по пандемијата. Покрај нив во претставата играат и Александра Пешевска Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Сања Русеска и Давид Илиќ. „12 Гневни" е приказна за дванаесетмина поротници кои по завршувањето на еден судски процес треба да донесат одлука за евентуалната вина или невиност на едно младо момче од малцинска етничка група, за убиство од прв степен. Покрај ретроспективното раскажување на случајот со убиството преку повикување на фактите искажани во судницата, оваа приказна се занимава со односот на поединецот кон системот, со индивидуалното поимање на правдата, но и ги акцентира предрасудите како една од најголемите опасности што ѝ се закануваат на идејата за праведно општество. Претставата го истражува поединечниот однос на секој од поротниците кон личната одговорност за воспоставување на фер систем, посочувајќи ја апатијата на граѓаните како најголемата закана за негово компромитирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНароден правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во ТетовоПокрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082, Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветЗеленски: Можна е средба со Русите во МајамиОфицијални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места. „Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“. Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс. „САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали. Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook