Дваесет и петгодишната актерка, модел и мисица, Оливија Кулпо учествуваше во необичниот прокет „Во своите лични зборови“ кој претставува облик на зајакнување и изразување на жените, што докажува дека оваа тема е се поактуелна во светот на моделингот.


 

@oliviaculpo for Sports Illustrated Swimsuit Issue 2018 🖤

A post shared by Olivia Culpo Updates (@culpo.vogue) on


Покрај многуте ѕвезди и поранешната мисица пред објективот на фотографот застана целосно разголена, додека зборовите “жена“, “љубовта трансформира“, „несовршеност“ и го прекриваа телото.

Првите фотографии веќе се појавија во медиумите, а освен тоа што Кулпо доби бројни комплименти за совршениот изглед, пофалби доби и познатиот магазин.


 

@oliviaculpo for Sports Illustrated Swimsuit Issue 2018 🖤

A post shared by Olivia Culpo Updates (@culpo.vogue) on


Сите сметаат дека ова е освежувачка пресвртница за публикацијата која е позната по своите сексапилни фотографии во костими за капење.

Инаку, Оливија титулата мис на светот ја освои во 2012 година, за потоа да почне да ја гради својата кариера во светот на моделингот.

Досега се појавуваше во неколку филмски остварувања, а нејзината просечна вредноста на заработка е 500.000 долари, пишува „Celebrity Net Worth”.


 

A post shared by Olivia Culpo (@oliviaculpo) on

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 12:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар