Како што соопшти МВР, К.А.К. случајот бил го пријавила вчера околу 17 часот. Според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и по животот на нејзините најблиски, барајќи од неа да си оди од дома и да го остави нивното седумесечно бебе.

Нејзиниот сопруг, според добиени сознанија, секој ден бил во алкохолизирана состојба и во повеќе наврати на сличен начин ја малтретирал психички и физички.

На 3 декември минатата година тој повторно под дејство на алкохол го извадил службениот пиштол и испукал неколку куршуми во дневната соба.
За настанот е известено Основното јавно обвинителство Кочани по чија наредба од М.К. е одземено службеното оружје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. 

Датум на објава: сабота, 13 јануари 2018 во 12:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар