Трагедијата се случила во Гватемала , во гратчето Кармен Фронтера, во близина на границата со Мексико. Тие случајно допреле жица под силен напон додека ја местеле вештачката елка направена од челични жици .

Загинатите се на возраст од 17 до 24 години .

Според спасувачките служби , петте млади починале веднаш од силен струен удар .

Жителите на гратчето  во шок изјавуваат дека елката била местена на истото место во паркот во изминатите 20 години и немало никакви проблеми .

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 17:27
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:27

коментари

остави коментар