Тој селотејп на очите носел во текот на настапот во Ерусалим, на кој во публиката се наоѓале само жени.

Ортодоксниот јудаизам им забранува на мажите кои го следат ова учење да гледаат жени додека играат, за да не се возбудат сексуално, пишува „Индепендент“.

Претставникот на Разел потврди за медиумите дека пејачот ги покрил очите од религиозни причини.

„Лицето на Јонатан Разел беше откриено во текот на настапот. Во текот на делот во кој, на фотографиите се гледа дека неговите очи се прекриени со селотејп, жените од првите редови играа во кругот непосредно до бината. Тоа траеше неколку минути. После тоа го отстрани селотејпот и продолжи да свири. Тоа беше негова лична одлука“ – изјавил претставникот.

Меѓутоа, неговото однесување на социјалните мрежи е окарактеризирано како “бизарно“.

Меѓу критичарите се нашле и претставнички на израелската женска организација „На амат“ кој на својот пост на Фејсбук го запрашале:

„Колку далеку религиозниот екстремизам може да оди? Кои се рабините што поттикнуваат вакво бизарно однесување?“

Ултраортодоксното евреско учење, инаку се заснова на интерпретацијата на традиционалниот јудаизам, од времето пред просветителството и го отфрла современиот секуларен свет. Мажите се облекуваат во облека од 19 век, носат црни капути и шешири, додека од жените се бара да се облекуваат скромно и да ја покриваат косата.

Инаку, наградуваниот 44 годишен пејач Јонатан Разел е оженет и живее во Ерусалим со жената, трите ќерки и синот.


Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 22:35
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:50

коментари

остави коментар