Таа е прва програма за дизајнерско размислување за деца,  организирана од Британскиот совет во сработка со Швајцарската претприемачка програма Свис контакт.

Обуките ги изведува Ноам Сохачевски од Велика Британија, а самите програми за деца во Македонија и во останатите земји во регионот ќе почнат од јануари  2018.

Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вчера и денеска се одржуваат и две детски работилници, на кои под водство на балкански експерти деца од 7 до 14 години учат да развијат дизајнерски производ од идеја до реализација и да дизајнираат и да создадат прототип на мобилна апликација.

Седмата Недела на дизајнот во Скопје вечер ќе заврши со концерт од 21 часот на кој ќе настапи џез-бендот „Mihaly Borbely Balkan Jazz Projekt“ од Унгарија - која е земја во фокус на годинашното издание. 

Датум на објава: недела, 26 ноември 2017 во 10:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар