Претставниците на  800  вработени,  кои речиси една година се без работа, го поздравија денешното потпишување на меморандумот  за разбирање меѓу раководството, синдикатот и владата. Генералниот директор на Југохром, истакна дека рестартирањето ќе се одвива етапно. Потенцираше дека не постои опасност  дека фабриката ќе работи вез филтри.

Вицепремиерот за економски прашања истакна дека со овој меморандум ќе се обезбеди сигурноста на фабриката. Со тоа што сопствениците ќе го гарантираат монтирањето на филтрите,а владата ,во рамките на законските одредби, ќе ги сервсира сите административни процедури. 
Инвестицијата за системот за отпрашување ја обезбедува сопственикот на „Југохром“. Целата инвестиција е проценета на 12 милиони евра, а само за печките 7 и 8 е 4,5 милиони евра.

„Југохром“ целосно го запре производствениот процес на 2 ноември 2016 година.. Поради, непочитување на крајниот рок за изградба на филтер станица, кој истече на 30 октомври 2016 година. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 14:11
Михаела Димовска
Обновено во: 14:16

коментари

остави коментар