Жестока расправа во ресторан во Мелбурн завршила фатално. 31-годишен Македонец избоден до смрт.

Убиството се случило во ресторанот „Корзо грил хаус“ во раните утрински часови, кога група од неколкумина се упатиле кон местото каде се одржувала роденденска забава. Сопственикот на ресторанот се обидел да ги спречи непоканетите гости, но тие насилно влегле.

Според информациите од полицијата, 31-годишниот Дени Димовски бил прободен неколкупати, по што групата избегала од местото на настанот. Засега е непознато дали напаѓачите дошле вооружени. Се верува дека убиецот земал нож од ресторанот. Сведоци велат дека за време на тепачката имало неколку автомобили во близина кои најверојатно биле во сопственост на напаѓачите.

Сопствениците на Македонскиот ресторан со пофални зборови за убиениот Димовски. Џим и Јасмина Рибаровски изјавиле дека Димовски бил нивен редовен муштерија кого го почитувале и сакале.

Австралиските медиуми ја пренесуваат и атмосферата во Македонскиот ресторан. Неколку десетици луѓе танцуваат и пеат традиционални песни, пред да се изврши грозоморниот чин.

Од Македонското Министерство за надворешни работи за Канал 5 велат дека се уште немаат податоци за случајот во кој смртно настрада момче со македонско потекло.


Датум на објава: сабота, 09 септември 2017 во 15:41
Тамара Стојкова
Обновено во: 20:56

коментари

остави коментар