Дебатата се отвори поради  појавувањето на моделите со прекумерна тежина  во спортски магазин облечени во  костими за капење. Сиднејскиот весник "Дејли телеграф" ја критикуваше употребата на поголеми модели како "неодговорно", додека докторите сметаат  дека се промовира  "опасна" порака по здравјето.
Сепак, други експерти велат дека на модната писта  треба да се застапени  сите форми на телото.

Дебатата го достигна врвот откако колумнистката Сораја Фуда напиша: "Ако модната индустрија одлучи да престане да користи модели кои се чини дека гладуваат  и се  кожа и коски - како што треба, тогаш не треба да се избираат некои што да промовираат подеднакво нездраво тело".
Меѓутоа, зборувајќи на локална телевизија, уредникот на Sports Illustrated Ем Џеј Деј рече: "Ние дадовме  многу позитивна изјава дека убавината не е" една големина што  одговара на сите ".

Здравствените експерти, исто така, се вклучија во  дебатата.

Д-р. Бред Френкум , претседател на австралиската медицинска асоцијација во Нов Јужен Велс, се сомнева зошто крупните  модели не предизвикуваат слична реакција како сериозно слабите модели.

"Ако некој оди по патеката пушајќи цигара, ќе има вознемиреност бидејќи тоа ќе биде многу нездрава порака", изјави д-р Френкум за Би-Би-Си.
"Слично на тоа, ако испратиме многу луѓе со прекумерна тежина или дебели луѓе по модната  писта, она што го кажуваат  на некој начин е дека ја оправдуваме дебелината. Мислам дека тоа  е опасно затоа што знаеме дека станува збор за  нарушена здравствена состојба".

Сепак, проф. Џон Диксон, раководител на истражувањето за клиничка дебелина во Институтот за срцеви заболувања и дијабетес,  "Бејкер Иди", вели дека моделите треба да ги претставуваат сите во заедницата.

"Со самото тоа што е нормално да се има прекумерна тежина во нашата заедница и тоа дури  28% од Австралијците кои се дебели , сосема е навредливо да се каже дека дебелите луѓе не треба да бидат на модна писта".

Моделот Стефанија Ферарио, која  е лице на модната недела во Мелбурн, рече дека индустријата не треба да се фокусира на крајности.
"Јас сум за разновидност во моделите од сите различни големини и форми, но мислам дека е неодговорно што  на модните  патеки  нема повеќе модели со  здрава тежина", изјави таа за ББС.

Датум на објава: четврток, 03 август 2017 во 16:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар