Со своите текстови и книги Коцевски (1947) стана еден од најпознатите хроничари на Скопје од крајот на 20-тиот и почетокот на 21 век. Рецензентката на неговата најнова книга, писателката Весна Ацевска, пишува дека и овојпат Коцевски отвора широка слика од речиси целокупната историја на Скопје - античкиот, средновековниот, османлискиот, периодот на балканските и Првата светска војна.

- Во тој контекст, авторот посебна нагласка става врз периодот помеѓу двете светски војни и на предземјотресното Скопје кое во еден општ термин се опфаќа како феномен на Старо Скопје. Но тука се опфатени и феномените, настаните и случувањата по скопскиот земјотрес со многуте специфики од тогашниот живот. Коцевски прави и една синтеза бидејќи пишува и за современото Скопје кое на еден или на друг начин го продолжува урбаниот дух на градот, пишува Ацевска во рецензијата.

Во книгата е одбегнато досегашното визуелно претставување на Скопје преку фотографии на објекти и архитектура, и се донесуваат раритетни фотографии директно земени и зачувани во семејните албуми.

- Така на пример се откриваат интересните животни судбини, животописи, но и непознати фотографии од основачот на скопската зоолошка градина и членовите на неговото семејство, преписката на големиот писател Томас Ман со Скопје и професорката на скопскиот факултет Аница Ребац, присуството во Скопје за време на Првата светска војна на две личности помалку понати кај нас, лејди Вимборн, тетката на Винстон Черчил, како и познатата хуманистка и медицинарка лејди Пеџет која на крајот од 1914 година формирала болница во скопската гимназија „Идадија“ и несебично им помагала на скопјаните за време на војната..., открива рецензентката Ацевска.

На филмската програма „Кафе кино“ во рамки на „Скопско лето“, во ФЛУ - Сули ан вечер од 21 часот ќе биде прикажан американскиот трилер „Автопат на смртта“ (Collide) од 2016 година, во режија на Ирен Криви./МИА

коментари

остави коментар