Кучињата – трагачи и спасувачките екипи ги нашле момчињата на возраст од 16 и 17 години , кои биле премрзнати и преплашени, но неповредени.

Катакомбите под Париз се едно од најстрашните места во светот со лавиринти , долги 250 километри , полни со коски кои се наредени во најразлични облици . Само мал дел од катакомбите е отворен за јавноста .

Момчињата влегле преку тунел во затворениот дел во саботата вечерта , а засега е непознато зошто дури денеска била алармирана полицијата.

Коските на околу шест милиони луѓе биле пренесени во катакомбите кон крајот на 18- тиот век од преполнетите  средновековни гробишта во градот . Просечната температура во тесните и темни катакомби е 15 степени . 

Датум на објава: среда, 14 јуни 2017 во 19:51
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:42

коментари

остави коментар