Изби пожар на булеварот Партизански Одреди во бараките во кои е сместени Заводот за урбанизам и Институтот за социолошко и политичко правни истражувања на булеварот Партизански одреди во скопската населба Карпош.

Пожарот избил во бараките кои се наоѓаат веднаш до училиштето ГУЦ Здравко Цветковски.

Евакуирани се учениците од училиштетот.

Постои опасност од експлозија бидејќи во една од бараките се сместени цистерните со гас кои се снадбува средното училиште.

На терен интервенираат екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Засега нема информации за повредени ниту пак за причината за пожарот и колкава материјална штета е причинета.



Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 13:13
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:25

коментари

остави коментар