Кели и неговата жена Ким Јунг-А, која несмасно ги извлече децата од собата, изјави дека нејзиниот сопруг е виновен за тоа што се случило.

„Обично ја заклучува вратата од собата, кога има јавувања во живо“ – изјави Ким низ смеа.

„Ќерката беше разиграна, бидејќи тој ден имаше организирана школска забава“ – додава Ким.

Инаку, во собата на својот татко прва непоканета влезе четиригодишната Марион, на која тој ден и бил роденден и целосно ја засени секоја дискусија за јужнокорејската политика.

Потоа во собата влезе и осуммесечниот Џејсон, а сето тоа време Ким Јунг-А мирно во другата соба го гледала интервјуто на својот маж на телевизија. Поради доцнењето на сигналот, не сфатила на време што се случува.

Влегла во кадар и ги извлекла децатa, кои не  биле задоволни со развојот од настаните и гласно протестирале пред милионскиот аудиториум, додека нивниот татко искрено му се пожалил на соговорникот од студиото во БиБиСи: „Ова е мојот живот“.

Како и самиот додава, и нему му била смешна снимката, но избегнувал да ги гледа реакциите на социјалните мрежи, па некое време тој и сопругата ги исклучиле телефоните.

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 11:50
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:06

коментари

остави коментар